Ванковска: На дијаспората им велат – вие сте јаки само на социјални мрежи

0

Билјана Ванковска: ,,Читам дека мнозина се разочарани па и гневни што дијаспората не се регистрира во доволен број за да учествува во гласањето на изборите. Впрочем, така беше и на минатите избори. Им велат: „Лесно ви е да се правите патриоти на социјалните мрежи, а не мрднувате со мал прст за конкретна акција, за гласањето!“

Не е проблем што дијаспората не учествува на парламентарни избори, бидејќи нивното (не)учество нема големо влијание врз исходот. Ние ОВДЕ треба да размислиме за кого да гласаме и да не помислуваме на бојкот.

Но, тие таму направија ОГРОМНА грешка што не учествуваа на претседателските избори, тогаш кога се одлучуваше за ЛИЧНОСТ повеќе отколку за партиска врхушка, идеологија, програма… Личност имавме, но што се случи? Тие таму беа гневни и не признаваа Северна, ѝ го свртеа грбот на најдобрата кандидатка што сме ја имале со години, па дури и ја навредуваа и омаловажуваа.

Највидните претставници на дијаспората, а веројатно и најгласните на социјалните мрежи, агитираа ПРОТИВ личноста, а се правдаа со Северна и со партијата што ја кандидираше.

Јас лично тоа не можам да им го простам – не заради кандидатката која не успа, туку заради кусогледоста и политичката незрелост! Слушаа но и финансираа(т) некои маргиналци од овде, кои од сопствени (себични) причини ги саботираа тие избори.

Да успеевме како ГРАЃАНИ да избереме претседател со знаење, интегритет и чест, ќе добиевме ветер в грб како нација. Но, не им беше доволно добра кандидатката, а сега го имаме оној што би заминал да не е претседател …

За волја на вистината, на парламентарните избори тие имаат уште помалку избор од нас тука, бидејќи не сите партии имаат ресурси за водење кампања во странство. Нивниот избор се сведува на „големиве“ и тоа со личности кои можеби и не заслужуваат голем респект.

Накусо, Ку рто и Мурто им е понудата… и сосема е разбирливо дека апартијата е веројатно голема. Од друга страна, сиот тој зафат е премногу скап за една сиромашна држава.

Додека не се смени изборниот модел и за гласањето на дијаспората, но и генерално (една изборна единица) – не очекувајте многу…

И наместо кукање и очајување, отворете очи за она што се случува овде. И кому ќе му го дадете гласот…”

Претходна статијаБетмен Велит ќе стане татко – еве што објави неговата девојка, познатата водителка Деа
Следна статијаСашо Тасевски кажа зошто треба да се затворат училиштата и порача: Не ја правете истата грешка