Зоран Вујчиќ, најпознатиот хемичар од Србија со совети што да се употребува за дезинфекција

0

Зоран Вујчиќ е еден од најпознатите хемичари во Србија. Покрај лекарите, со свои совети, од неговата струка, се вклучи и тој, со цел правилно информирање на граѓаните како да се превенира Корона вирусот:

-Не постапувајте непромислено. Да повториме. Дезинфекција против Корона вирусот
со 20 секунди миење на рацете, со сигурен сапун со pH поголема од 9,5 или 60 до 70% процентен алкохол, 60 секунди.

Марамчињата за дезинфекција не се препорачливи.Тие може да се користат единствено за отворање и затворање на врати, доколку немате ракавици за еднократна употреба.

Сите соединенија базирани на хлор се ефикасни (варикината е помалку ефикасна од доместос).

Персинска киселина исто така. Водород пероксид – непознат ефект и без препорака каква концентрација. УВ светлина површини кои не ја опфаќаат кожата.

Како прво, држете растојание од два метри. Социјализацијата на младите луѓе на плажа, како ова што го прават во Португалија, не е баш доказ за човековата интелигенција.

Избегнувајте допирање на сите површини што доаѓаат во контакт со рацете на другите луѓе. НЕ допирајте го лицето, дури и ако ѓаволот ве натера да го направите тоа. Не ги допирајте миленичињата на другите луѓе. Ако тие не се заразени, не значи дека не го носеле и пренесуваат вирусот.

Внимавајте на децата, бидејќи тие често си разменуваат шишиња со пијалоци. Не се бакнувајте за збогум. Исто така, изоставете го ракувањето. Не е некултурно, во овие услови тоа е неопходно.

Не ги слушајте глупостите кои некои будали ги зборуваат дека вирусот е некаква завера. Дури и да е така, а не е, тоа за вас нема значење бидејќи вирусот не бира.

Мир, повлекување дома, медитација, наместо социјализација. Да му се спречи ланецот и да им се помогне на здравствените работници да се изборат со него. Секоја глупост во однесувањето, како студенти по медицина кои отишле на забава, може да има несогледливи последици за генералниот тек на контролата на вирусот.

Испрскајте ги вратите со 70% етанол. Пребришувајте по дома со раствор во кој ќе има Доместос. Не гледам зошто здрави луѓе, доколку се плашат не би носеле маски. Маските може да се стерилизираат со пеглање ако дојде до целосен недостиг и не можат да се купат.

Не правете непотребни резерви на храна. Тоа е имбецилно, бидејќи тоа нема да го спречи вирусот, а ако сите се разболат никакви резерви нема да ви бидат доволни. Се препорачува да ги имате потребните резерви за 14 дена, колку што би траел карантинот. Сè друго е глупаво и непотребно.

Не го плакнете грлото па потоа да плукате наоколу, бидејќи тоа нема да го спречи вирусот, исто како и пиењето алкохол. Луѓето се трујат со алкохол, јадат лук, се изложуваат на сонце, и со тоа си предизвикуваат проблеми на кожата.

Не пијте превентивни лекови кои не биле препорачани од експерти затоа што некој сосед ви кажал дека така треба.

Обработи П.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаВане Цветанов: Мене власта на Груевски ме стрпа 13 месеци во Шутка и издржав, вие не можете 14 денови дома
Следна статијаНајнов прес на Филипче – има ново заразени, меѓу нив и 15 годишно момче