Универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов за лидерот на опозицијата: ,,Мицкоски е невиден простак”

Полиѕичките партии го засилуваат темпото на презентација пред гласачите, како што се приближува 12 Април, денот на предвремените парламентарни избори.

Но како што се засилува интензитетот на кампањата, се засилува и реториката, но и ниските удари од едната и другата страна. Па така, почнаа да се монтираат спотови, кои треба да ги потсетат гласачите колку било лошо во време Грујово.

Нешто што не е непознато и за ВМРО-ДПМНЕ. Во минатото и тие знаеле да водат црна кампања.

Покрај новинарите, кои зазедоа страни пред овие избори, или повеќето од нив, истото го прават и интелектуалците, како и поранешните функционери во државата.

Ѓорѓи Спасов е поранешен висок функционер во СДСМ и министер во нејзините влади. Тој е исто така универзитетски професор и навистина изненадува неговиот статус со наслов: ,,Мицковски е невиден простак”!

,,Од она што го демонстрираше Мицковски во дебатата со Заев сфатив дека Мицковски е невиден простак. Неговиот простаклук, цинизам и видлив садизам од изразот на лицето не можат да го затскријат сите докторски и професорски титули со кои се накитил.

Влезен е во фаза на ароганција,заканување и демонстрирање на максимално омаловажување на соговорникот. Оттука тој не е и никогаш не може да биде ниту пристоен ниту елементарно писмен политички соговорник.

Затоа е големо прашање дали заслужува да биде удостоен со било каков соговорник додека не научи да го почитува противникот и да се придржува до правилата на играта.

Или барем додека не научи да не говори за некаква “вистинска вистина” бидејќи како политички талент веројатно е убеден дека постојат: вистина,лажна вистина и вистинска вистина.

Поголемиот дел од дебатата се однесуваше како Талат од серијата “Преспав” Секогаш кога ќе се споменеше 11 годишното владеење на неговата партија одговараше како Талат . “Јас незнаем ништо за тоа. Јас не сум оттука. Јас сум од Џепчиште”.