Една од нашите најдобри поп пејачки и вокали, Тамра Тодевска минатата година ќе ја памети по убави, но и неубави работи.
Најпрво таа ги доживеа ѕвездените мигови на последниот Евросонг, кога по првиот круг гласање беше на врвот. Тогаш многумина помислија дека можеби и ќе победиме. Но нашите надежи ги урна вториот круг, од гласањето од телевоутингот.
Како и да е, Тамара одлично ја претстави нашата земја, а многумина и во овој успех најдоа замерка, бидејќи настапувавме со новото име, Северна Македонија.
Потоа, некаде летото, на прославата во Американската амбасада, при интерпретирањето на нашата химна, Тамара испушти некои делови, за кои беше остро нападната од јавноста.
Се чини дека овие беа најтешките мигови во кариерата на пејачката, која по овој настан откажа и многу концерти низ Македонија. За ова, Тамара се извини на јавноста на неодамнешната Буба Мара, но и кога беше актуелно сето ова, таа изјавуваше дека ненамерно испуштила некои делови од химната.
Таа деновиве претстојуваше во Брисел, заедно со уште неколку дами од Западен Балкан кои со своите приказни се инспирација за сите. За Женски Магазин Тамара изјави дека е воодушевена од инспиративните жени што ги запозна на настанот „Европјани кои прават разлика“
„Прекрасно е да бидеш опкружен од толку инспиративни жени. Ние жените треба да се поддржуваме една со друга и да веруваме една во друга. Заедно сме посилни и заедно можеме да го смениме светот. Кој друг ако не ние?“, напиша Тамара на социјалните мрежи.
За Женски магазин, поп-ѕвездата го раскажа разговорот со водителката на настанот. „Интересно беше Кога водителката ме праша: Дали си горда (PROUD) што ја претставуваше твојата земја Северна Македонија на „Евросонг“? Бев директна и ѝ одговороив: За тоа „северна“ (north) ќе бидам горда кога ќе влеземе во ЕУ“, ни раскажа Тамара.
Целта на целиот настан е Европската Унија да се направи посилна и попросперитетна, а токму затоа за главни протагонистки на кампањата се избрани Селма Продановиќ од Босна и Херцеговина, Наташа Ковашевиќ од Србија, Детина и Аргита Зали од Албанија, Мерка Никчи од Косово, Маја Рајчевиќ од Црна Гора и нашата Тамара.
Избраните жени од Западен Балкан се оние кои ги поместуваат границите, кои инспиририраат и ги отвараат вратите едни за други, е уште една цел на оваа кампања во која Тамара со радост се вклучи.