Почнаа ли да се делат откази од работа поради Корона

0

Властите денес спроведоа уште една мерка, соп цел намалување на непотребното движење на граѓаните во услови на борба против коронавирус. Укинати се бесплатните автобуски билети:

,,Почитувани корисници на јавниот превоз, Ве информираме дека од утре, четврток (12.03.2020 год), нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.

Времено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно.

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки”, стои во статусот на фан страната на ЈСП Скопје.

Но додека сите се обидуваат да го превенираат ова заболување, најверојатно има и такви кои ги злоупотребуваат препораките и се обидуваат да си извлечат ќар од новонастанатата ситуација, односно да си ги намалат трошоците.

Адвокатката Весна Богова информира за давање откази од работа во текстилната индустрија. Таа во свој статус на социјалните мрежи напиша:

,,Утрово, прв ден од спроведувањето на Владините вонредни мерки против корона вирусот, паднаа првите откази од работа т.е. принуди врз текстилните работички да потпишат спогодбен престанок на работен однос.

Со тоа работодавците директно ја кршат Владината мерка, поточно одредбата “За да ги чуваат децата дома, платено отсуство и во државно и во приватно ќе добие по еден родител на помали од десет години.

Секој избркан од работа по тој основ, како и оние кои патпишале сподоба за престанок на работен однос под принуда од работодавецот, да побараат помош од:

-ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД дежурен телефон: 151 31 и телефон: 02 3224504 -НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ телефон: 02 3129335 -ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА Р.С.МАКЕДОНИЈА телефон: 02 3230214 ; 02 3230217 ; 02 3229351″

Претходна статијаТрајче од Штип за полицаецот сосед: Ми вели дека никој ништо не му може
Следна статијаОва е состојбата со Корона во светот до денес – може да се следи во живо по земји