Трајче од Штип за полицаецот сосед: Ми вели дека никој ништо не му може

0

Тригодишен спор помеѓу двајца соседи во Штип е пред ескалација а денес на местото на кавгата беше и полицијата. Предмет на големото недоразбирање во случајот се животински фекалии кои од страна на соседот полицаец завршуваат во бавчата на другиот сосед, Трајче Данев.

„Имам комшија кој има свињарска фарма и сите фекалии доаѓаат кај мене. Освен он има уште еден кумановец кој се заканува дека никој ништо не му може“ Две опомени веќе има јас му викам да не дојде до трета“ изјави Трајче Данев

Поради ова, Данев земјата не може да ја искористи за одгледување на ниту една култура а нивата тврди дека му се претвара во голема фекална површина.

„Да си садам малку кромид, лук минатата година неможев. Сакам на повеќе места ама не бива целата површина е таква полна со фекалии“ изјави Трајче Данев

Денес помеѓу двајацата соседи повторно посредник беше Ѓаволот поради што присутна по трет пат беше полицијата а веројатно добро информираниот сосед имотот го напушти пред колегите полицајци да пристигнат на лице место.

На наводите од Данев дека е несовесен сосед, ТВ Стар се обиде да стапи во контакт со посочениот но нашите обиди беа неуспешни. Сепак, во насока на релаксирање на ситуцијата, објаснување даде лице кое на имотот е ангажирано.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ Стар

Претходна статијаШто ќе каже на ова Борко Ристовски – неговата сопруга објави фотка со која алудира дека детето личи на неа
Следна статијаПочнаа ли да се делат откази од работа поради Корона