Пендаровски: Дајте да седнеме да направиме стратегија дека маф ни е работата

0

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва беше гостина на Телма телевизија, во емисијата ,,Топ Тема”. Освен за актуелната ситуација со Корона вирус, тој се осврна и на економската ситуација во земјава.

Изминатиов месец, проценките се дека загубата на стопанството е околу 70 милиони евра. Не работат кафеани, ресторани, фирми, а газдите мораат да исплаќаат плати и придонеси.

Доколку кризата продолжи и во иднина, е многу веројатно е дека ќе продолжи, ние ќе мораме да се задолжуваме, бидејќи ќе немаме средства за ова да го издржиме, вели Пендаровски. А како ќе побараме заем кога немаме парламент, а владата не може да одлучува во име на парламентот. Токму затоа се и вонредните мерки кои се бараат, за владата да има дополнителни овластувања.

Луѓе, дајте да седнеме да се договориме што и како понатаму, дека МАФ ни е работата, рече Претседателот Пендаровски.

Пендаровски се осврна и на историскиот момент кој се случи денес, однодно гласањето и на последната членка Шпанија, која пред празен парламент, со електронско гласање, го изгласа протоколот, а Кралот на Шпанија го потпиша. Во следните 72 часа документот ќе биде доставен во Стејт Департментот, рече Пендаровски.

-Сега веќе можам да изјавам, рече Стево Пендаровски. Сакавме да биде тоа изненадување, но со оглед на тоа што нема да се одржи, ќе кажам. Со нашите Американски пријатели имавме план за една голема прослава во Стејт Департментот на почетокот на Април, кога ќе отидевме еден авион со функционери и еден со новинари, а наши домаќини ќе беа Мајк Помпео и Столтенберг.

Претходна статијаФилипче: Слета авион од Брисел со наши луѓе – меѓу нив има со симптоми
Следна статијаФотографија која ја спорелува цел свет: Вака можете да се заштитите од коронавирусот!