Филипче: Слета авион од Брисел со наши луѓе – меѓу нив има со симптоми

0

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната поладневна прес конференција информираше за моменталната ситуација со Корона вирусот. По денешните нови случаи, бројката на заразени се искачи на 31.

На прашање од новинарите, зошто во фабриките каде има многу вработени, не се делат бесплатни маски кои државата би ги обезбедила, министерот информираше дека Македонија е една од првите држави кои уште лани делеле маски на населението преку матичните лекари. Сепак, тој потсети дека постапката за набавка може да се одложи.

На друго прашање, со давање пример од Америка, дека се поставуваат пунктови на паркинзи, на кои одат луѓето и се тестираат за Корона вирус, министерот потсети дека тие тестови можат да бидат лажно негативни, односно, веќе утредента пациентот може да биде позитивен доколку направи нов тест.

Со ова министерот одговори и на прашањето зошто во нашата држава, за разлика на пример од Албанија, не им се прават тестови на сите лица кои се во карантин.

Венко Филипче информираше дека денес слетал авион од Брисел, Белгија, со македонци, од кои многумина биле со симптоми на вирус. Тој рече дека на сите сомнителни ќе им се направат тестови, а патниците кои немаат никакви симптоми, ќе мораат да чекаат на аеродромот дури да стигнат резултатите од сомнителните.

Препораките кои се повторени се дека мора да се почитуваат препораките за седење дома, за карантин на оние кои претходно патувале или не се чувствуваат добро, односно правење на сè за да се задржи кривата на заразени на ниско ниво, како не би се оптиварил здравствениот систем и превенција од негов крах.

Претходна статијаКорона вирус: Препораки за пушачите, астматичарите, дијабетичарите и оние со висок притисок
Следна статијаПендаровски: Дајте да седнеме да направиме стратегија дека маф ни е работата