Македонските пејачки таленти не престануваат да ја воодушевуваат публиката ширум Балканот, односно секаде каде што настапуваат. Последните десетина години се многу популарни талент шоуата, а на нив редовно настапуваат но и победуваат наши пејачи.
Таков беше примерот со Даниел Кајмакоски, со Ленче Кукиќ и многу други. Најсвеж пример на воодушевување кај жирито и публиката беше на шоу во Бугарија кога нашата Калина Велковска буквално ги стана на нозе сите членови на жирито, но и публиката во салата.
Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ пак, настапуваше Мими Јовановска од Велес. Таа се претстави со песните „Ако згрешам нека изгорам“ од Каролина Гочева и „Животе моје“ од Уснија Реџепова.
Веднаш на почетокот, Мими доби глас од Ѓорѓе Давид кој на останатите членови на жирито им прокоментира: „Вака се пее од а до ш“.
Во текот на втората песна целото жири беше воодушевено од изведбата на оваа млада девојка која ги освoи сите гласови и помина директно во следниот круг.
„Пееше како швајцарски часовник, оној најскапиот“ изјави Марија, а Босанац додаде: „Не беше добра, беше феноменална. Уби со својот глас, браво душо“.
Ана Бекута откри еден детаљ поврзан за оваа пејачка.
„Јас ја слушнав на пробата. Втората песна никогаш не ја слушнала, па слушнавте како отпеја“. изјави Ана.
Менторот Џенан Лончаревиќ беше многу горд и среќен што неговата кандидатка го воодушеви жирито.
„Драго ми е што се опушти и јас имав трема исто како и ти“ изјави Џенан.
Македонската кандидатка помина директно во следниот круг, а како тогаш ќе се претстави останува да видиме. Дотогаш нејзиниот настап погледнете го видеото подолу на 50:31.