Ништо од окрупнување на десницата Љубчо и Љубе влегоjа во коалиција со Заев (ВИДЕО)

0

Партиите Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски, ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски и Достоинстсво на Стојанче Ангелов, на минатите избори настапија со своја коалиција чие име беше ВМРО за Македонија.

Тие не успеаја да освојат пратенички места и веднаш потоа влегоа во владината коалиција предводена од Зоран Заев.

Само за потесетување, ВМРО за Македонија тогаш освои 24 илјади гласа и ниту еден пратеник, а ДПА со 30 илјади гласови освои два пратеника. Таков е Донтовиот модел, немилосрден за помалите партии.

Токму затоа тие и пред овие избори бараа промена на изборниот модел, во една изборна единица, но тоа е нешто што не им одговара на големите партии, па затоа и не доаѓа до промена во изборниот модел.

Поради тоа, помалите партии се принудени да влегуваат во коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија, денес објави, а порталот 24 инфо пренесе, дека нема да излезе со свои листи на претстојните избори, туку ќе влезе во коалицијата на СДСМ:

,,Станавме дел од Коалицијата „Можеме“. Оценувајќи дека не е време да има идеолошки натпревар и поделби на проевропските сили во земјава, согледувајќи ги опасностите од обнова на режимот и повторно назадување на нашата Македонија, решивме да пристапиме кон Коалицијата „Можеме“.

Тоа го направивме од повеќе причини:

Како ВМРО за Македонија, ќе се бориме да создадеме реални услови за идеолошки натпревар внатре од Собрание. Мора да создадеме демократски услови во нашата држава за да може да има фер борба на идеи меѓу левицата, центарот и десницата.

Решивме да ги тргнеме идеолошките разлики, бидејќи како патриоти кои си ја сакаме татковината – таа е натпартиска цел. Обнова на режимот не ни е потребна. Довршување на започнатите процеси за реформи во судството. Обезбедување услови за почеток на преговорите на РС Македонија во ЕУ.

Затоа, ги тргнавме идеолошките разлики и решивме да се обединиме под македонското знаме! Додека не се врати целосно демократијата и системот не профунцкионира, обединувањето е решение!”

Овој пример го следеше и ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски.

Многумина пред овие избори очекуваа окрупнување на десницата, со старите партиски другари кои формираа свои партии, но очигледно до такво нешто нема да дојде.

Љубчо Георгиевски во повеќе наврати беше запрашан зошто не влезе со преговори со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој отворено покажа желба за обединување, одговараше дека неговото мислење е дека ВМРО-ДПМНЕ е сеуште под силно влијание на Никола Груевски.

Претходна статијаОва е мојот список на намирници што си ги купив ако ме стават во карантин
Следна статијаМакедонски иселеник од Данска со порака пред се до оние: Млад сум, ништо не ми е