Македонски иселеник од Данска со порака пред се до оние: Млад сум, ништо не ми е

0

Статус на Марјан Николовски, македонски иселеник во Копенхаген, Данска:

Драги пријатели во Македонија! Значи не си играјте играчки од типот на: “како не, дома ќе седам; глупости нема корона кај нас; или млад сум, ништо не ми е..”

Така беше во Копенхаген само пред три дена. Секој се однесува како му одговара. Почна точно пред една недела со пациент нула, во викендот се качи на 35 заразени а денес е веќе над 600.

Од синојка Данска е во shut down! Од денес има нов закон дека полиција има право да интервенира на приватен простор, на домашни забави или собири ако има над 100 луѓе, цел јавен сектор е на две недели принуден одмор освен критичен персонал, сите приватни фирми ако можат да работат од дома! Принудни одмори!

Барови, кина, и слично се затвора од овој викенд.. Се е во стоп, за да се спречи. Од овие слики што гледам од Скопје, дремете по кафичи ко ништо да не е, со децата во гужви по паркови, играчници и чуда..

Веќе европа е епицентарот и од денес сите што имаат симптоми на настинка овде се смеаат за можна корона и не се тестираат него да седат дома. Само тие што имаат поголеми симптоми, проблеми со дишење и слично да се јават на телефон на лекар да бараат помош..

Не си играјте играчки..преку ноќ се шири ко ништо друго. Ако Данска ко една од најбогатите земји во свет со најдобра социјала нема способност да ги згрижи болните, што ќе се случи во Македонија ако се рашири, не би сакал да помислам..

Драги пријатели во Македонија! Значи не си играјте играчки од типот на: “како не, дома ќе седам; глупости нема корона…

Публикувахте от Marjan Nikolovski в Четвъртък, 12 март 2020 г.

Посебни за постарите генерации и другите болни.. Едноставно сите на две недели во само изолација и работа од дома по можност! Не се бутајте во гужви во маркети, автобуси или ресторани без потреба! Со лесно и со памет!!

Претходна статијаНишто од окрупнување на десницата Љубчо и Љубе влегоjа во коалиција со Заев (ВИДЕО)
Следна статијаЃоковиќ успеа да се качи на последниот лет од Америка – другар му Јанко објави ФОТО од авион