Огромни непријатности изминативе три дена за Македонците кои патуваат низ Европските држави. Многу од државите прогласија карантин или вонредна состојба и ги затворија границите.
Синоќа нашинци јавуваа за огромна колона од возила на граничниот премин ,,Хоргош”, за влез од Унгарија во Србија. Поради прогласената вонредна состојба, тие не се пропуштаа да влезат во Србија.
Подоцна со статус на социјалните мрежи се јави нашиот министер за надворешни работи Димитров, кој објави дека била разрешена оваа ситуација и дека на Македонците им е обезбеден непречен транзит кон земјата.
Се чини најпогодени се возачите на камиони, кои освен што мораа со денови да чекаат по граничните премини, се соочуваа со уште еден проблем, а тоа е што мораа по враќањето во земјата да бидат во карантин 14 денови, а тие живеат и ранат семејства со возењето.
Но се чини овој проблем е надминат. За да не останеме без камионџии и ние и сите земји од регионот се планира од сега па натаму за транспортерите да може во својот камион да возат и да се водат како да се во мини карантин за да не се случи да снема храна, лекови, горива и останати средства што може да биде и поголема кат астрофа и од корона вирусот.
Според Биљана Муратовска договорено е камионџиите само да ги возат камионите, товарањето да го прават посебни лица а документите да се земаат од посебни надворешни шалтери и да бидат во папки кои ќе се дезинфицираат.
Со ваквите мерки и со предлогот камионџиите да прават и редовни тестови за корона по враќањето од некоја ризична земја кои ќе ги носат со себе ќе се овозможи преку посебни коридори на границите воопшто да не запре превозот на стоки и возачите да не подлежат на самоизлоација.
И останатите представници на превозниците бараат воведување на итни мерки за олеснување на транспортот на стоки, поригорозни казни за сите оние кои се обидуваат да превезуваат патници и финансиска помош за компаниите кои трпат загуби од запрениот патнички превоз.
За да се гарантира безбедноста и на транспортот на стоки во земјава асоцијацциите на транспортерите предлагаат и редовна дезинфекција на камионите на секои 24 часа за да не запре синџирот на дистрибуција на храна.