На казна затвор осуден сопругот на пејачката Анета Молика

0

Музичарот и лидер на групата “Молика“, Џими Мицевски кој воедно е сопруг на пејачката Анета Мицевска, осуден е денес на казна затвор од 2 години и 6 месеци.

Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“ во кај првообвинетиот екс градоначалник на Битола, Владимир Талески доби затворска казна од 8 години.

Мицевски беше обвинет во овој предмет за наводна злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола. Со пресудата Мицевски е должен да исплати дел од противправно стекнатата имотна корист од околу 1.000.000 денари.

Мицевски има право на жалба до Апелационот суд – Скопје, пресудата ќе биде извршена после правосилната одлука на Апелација.

Извор: Вистина

Претходна статија(ВИДЕО) Нови мерки во Куманово каде за еден ден двојно скокна бројот на заболени со Корона
Следна статијаФилипче со детали за новите два смртни случаи од Корона во нашата држава