Филипче со детали за новите два смртни случаи од Корона во нашата држава

0

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека на Инфективната клиника се во моментов 54 лица, односно исполнет е 50% од капацитет.

„На Инфективно се 54 пациенти, четири се во критична состојба, 20 имаат потреба од помош на дишење со маска, додека останатите се без поддршка за дишењето“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Се уште не се стигнати резултатите за двајца пациенти, еден од Битола и една жена од Лабуништа, кои починале, а за кои не е утврдено дали биле заболени од Ковид 19, рече министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Пациентот од Куманово што почина ноќеска од корона вирусот, бил во контакт со член на семејството кој пред две недели бил на патување во Франција.

„Вчера во текот на денот, односно доцна вечерта после полноќ, маж на возраст од 45 години преку одделението за инфективни болести Куманово, понатаму во болницата „8 Септември“, каде е иницијално третиран, има влошување на состојбата доцна вечерта, префрлен на Инфективната клиника, кадешто, за жал, реанимацијата после кардиопулмоналното откажување не успеала.

Епидемиолошки се поврзува за член од семејството кој бил на патување во Франција пред 2 недели. Пациентот е со бројни минати болести и шеќерна болест, болест на срцето, фебрилација, хипертензија и обезност. Другиот пациент е од Инфективната клиника каде се лекува од 27 март, има 78 години, исто така претходни болести, како хронична опструктивна болест и хипертензија и терапија за овие 2 претходни состојби“, рече Филипче.

Потврдени се 44 нови случаи во изминатите 24 часа и два смртни случаи. Вкупниот број на тестови направени кај нас е 3.518 од почетокот на пандемијата кај нас.

Во Козле, Заводот за рехабилтација престана со работа, двајца се префрлени на клиниката за инфективни болести. За 16 се чекаат резултати. Сите пациенти услуга ќе бараат од „8 Септември“.

Претходна статијаНа казна затвор осуден сопругот на пејачката Анета Молика
Следна статијаНикако Македонија да дојде до нови респиратори: Сега друга држава ја блокираше испораката