Катерина Колозова се чини го допре дното. Во оваа криза со Корона вирусот, кога секој здравствен работник се обидува колку што може да помогне, таа во статус на социјалните мрежи се исмејуваше со Професорот д-р Драган Даниловски, нашиот најпознат епидемиолог, му била истапирана косата!
,,Драган Даниловски, комплетно истапиран, пак на Сител, ни објасни дека “нема човекови права” во вакви ситуации…”
Но Колозова не застана тука. Таа во друг коментар на социјалните мрежи, го нарече професорот Даниловски ВМРОвски нацист!
Професорот Даниловски пред дваесеттина години беше министер за здравство во владата на премиерот Љубчо Герогиевски. Веројатно тоа е неопростив грев и тој веќе никогаш не смее да се занимава со медицина, бидејќи според оваа логика, докторите кои некогаш биле членови или биле предложени за некоја функција од ВМРО се нацисти!
Ако е тој нацист, како што таа го нарекува, тогаш како да ги наречеме сите луѓе од актуелното министерство за здравство, луѓето од КЗБ (комисија за заразни болести) со кои тој сега соработува и се консултира како професиопналец? Сите ли тие се нацисти? Зашто, нели се вели „Со кого си, таков си“
Министерот Филипче јавно пред неколку денови во медиумите обзнани дека се консултира со д-р Даниловски, бидејки го смета за голем стручњак во областа на епидемиологијата. И тој ли е нацист?
Очигледна е нејзината опсесираност со поуспешни луѓе од неа, но во вакви моменти, кога докторите вложуваат надчовечки напори за справување со оваа криза, некој да ги бележи партиски и да ги нарекува нацисти е едноставно надвор од секаков разум.
Инаку, прилично анонимната Катерина Колозова, јавноста ја памети по нејзината одбрана на ставот за промена на името на нашата држава, како и по видеото кое се појави на социјалните мрежи од пред две години, кога при дебата за уставните измени, таа седеше позади тогашниот премиер Зоран Заев и правеше некакви гримаси:
Ози шоу у позадина 😀Чисто околу сериозноста на „дебатава“🤣
Публикувахте от Зоран Ристески Македонец в Сряда, 5 декември 2018 г.