Глигоров: Владата денес се посрамоти и создаде дополнителен раздор

0

Венко Глигоров: ВЛАДАТА ДЕНЕС СЕ ПОСРАМОТИ И СОЗДАДЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА РАЗДОР ВО ОПШТЕСТВОТО

Да бидам искрен, Владата денес ме разочара. Гледам дека има доста лоши коментари во бизнис круговите. Се прашувам дали да ги набројувам таксативно или да дадам некои клучни размислувања.

➖ Лажење. Во мерките се спомнува дека се правени во соработка со стопанските комори. Сојузот на стопански комори излезе со соопштение дека мерките не се во согласност со барањата на микро и малиот бизнис.

➖ Создавање раздор. Какви се тие мерки кои создаваат нерамноправност меѓу стопанските субјекти. Како тоа владата бара од бизнисите да не работат (и со тоа да немаат приходи) за потоа да даваат нецелосна помош. Некој бизнис ако не работи, како тоа ќе има пари да плати за придонеси за вработените? Или даваш помош или не даваш. Воедно, помошта се дава само на одредени сегменти во стопанството. Што со другите? Не треба за нив поволни кредити или субвенции?

➖ Нема помош кога е најпотребно. Владата кажува дека помошта во плати на приватниот сектор ќе важи за платите во април и мај. Замислете, фирмите се затвораат во март (и не работат во поголемиот дел од март), а помошта треба да се чека дури до почеток на мај, затоа што тогаш се исплатуваат плати за април. Што ќе прават вработените и сопствениците во април? Еве нека објаснат. Правиме мубает за мали фирми во развој кои немаат резерви како што ги замислиле државните теоретичари-експерти.

➖ Стимулирање на „паразити“ на буџетот. Главниот ефект од оваа криза ќе биде дека е многу подобро да се работи (т.е. паразитира) во државна администрација. Ем не работиш, ем земаш плата целосно. Нивните плати се апсолутни и независни од тоа како работат тие што го полнат буџетот. Со ваквиот однос Владата (а со тоа и партиите) ќе имаат уште поголем притисок за партиски вработувања. Колку повеќе партиски вработувања, толку повеќе „бегства“ во странство за тие што вредат.

➖ Глумење „лудило“. Претседателот на владејачката партија излегува со (пристојни за кризата што не снајде) мерки кои потоа Владата составена од воглавно од истата партија не ги прифаќа и предлага „пролив“ мерки наместо цврсти и одлучни потези. Наместо да се засилат платите на избраните функционери за да може да „ораат“ по државата и да ја средуваат ситуацијата со зголемено темпо – тие ги ставаат на минимална плата. Несфатливо. Значи, или признаваат дека функционерите имаат екстра (недозволени) приливи или дека истите функционери не ги бива. Ваквите функционери се убав „плен“ за загадувачите, кризните профитери и секакви други престапници и натрапници.

Разочарувачки е ова. Мојот глас не го добивате на наредните избори. За В/Д нема шанси да гласам, но сигурен сум дека за оваа гарнитура со вакви постапки НЕ гласам.

Драги политичари, Со ваквите мерки и премногу тактизирања, не сум убеден дека можете да правите реформи. Покажавте дека сте „ефтини“ бирократи и лица без одлучност самостојно да водите држава во (економски) прогрес. < ) МК

Претходна статијаКолозова го нарече ВМРОВСКИ НАЦИСТ, еден од нашите најпознати доктори
Следна статијаЈоци: Од ден на ден, ми се чини дека вмровци не се ни слушаат повеќе што зборуваат