Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, македонските кандидати го воодушевија жирито и сите поминаа директно во третиот круг.
Гоце Бошковски кој е под менторство на Вики Миљковиќ се претстави со песните „Странац у ночи“ од Масимо Савиќ и „Прстен и златни ланац“ од Хари Мата Хари.
По крајот на неговите интерпретации, Гоце доби вкупно шест гласа односно од сите членови на жирито, а тие освен што имаа пофални зборови за неговото пеење, му упатија и комплименти и за неговиот изглед односно дека успеал да ослабне под убедувања на неговата менторка.
„Си станал фраер, многу си ослабел и добро ти стојат очилата. Покрај добро пеење, мораш и добро да изгледаш“ изјави Јелена и додаде мора уште да работи на себе.
Александар Јосифовски под менторство на Ѓорѓе Давид се претстави со песните „Да те богдо не волим“ од Бјело Дугме и „Лудо луда“ од Ван Гогх. И Александар ги освои сите гласови на жирито, па помина директно во третиот круг.
Јелена имаше пофални зборови за Јосифовски истакнувајќи дека Македонецот отпеал како Тифа, на што се надоврза Драган Стојковиќ Босанац и истакна дека не е точно, а ова дискусија ја прекина Саша Поповиќ кој имаше пофални зборови за пејачот.
„Остави ти студиско снимање. Дечкото да дојде во нашето студио и сто пати да повтори…Така да, ова е пеење во живот, еден на еден. Браво мајсторе“ истакна Поповиќ.
„Морам да ти кажам кога почна да пееш во рефренот на првата песна, цела се наежив. Не знам зошто вечерва сум среќна. Можеби бидејќи сите убаво пеете и поминувате понатаму“ изјави Карлеуша.
Кристијан Марковски од Гевгелија соработуваше заедно со Јелена Карлеуша и нејзиниот тим. Тој на сцената ги отпеа песните „Километри“ од Влатко Лозаноски и „Ко нам брани“ од Петар Грашо.
Тој доби пет гласа, односно само Марија Шерифовиќ не му даде глас, но Кристијан помина во следниот круг. Јелена веднаш го прегрна Македонецот и му честиташе на негово поминувањето.
„Како ја отпеја првата песна, браво, браво“ изјави неговата менторка.
„Мене не ми се допадна првата песна. Не сакам да се компонира, а ти малку претера. Тоа е мојот став, дека си симпатичен – си симпатичен. Убаво пееш, малку ти се чудни сценските движиња, правиш нешто чудно со нозете. Но, имаш убава енергија“ изјави Шерифовиќ.
Извор: Вистина