Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ објави скокотлив статус на својот профил на социјалните мрежи.
Познато е дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, завчера имаше остра дебата преку смс пораки со генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, при која беа разменети остри зборови од обајцата.
Мицкоски ја обвини власта дека преку организирањето превоз за Македонските граѓани кои сакаат да се вратат од дијаспората, всушност земаат огромни провизии.
Рашковски пак, преку сајтот на владата му ги објави во јавност овие пораки, при што Мицкоски беше остро нападнат дека, наместо да помогне во кризата, тој се служи со интриги.
Но да се вратиме на статусот на Јанушев. Тој напиша:
,,Сменете ја плочата, ова е друго време … и еден совет – набавете му на Заев огледало, во него ќе го видите најлошото издание на Груевски … прифатено, надградено, проширено … Груевски е вашата поезија, но со Мицкоски почнува вашата драма, набргу од денес.”
Што и најавува Јанушев на власта, од денес, останува да видиме.