Филипче: Пет нови случаи позитивни на Корона – уште два се пријавени од кај Жан Митрев

0

Попладнево на прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче информираше за најновата ситуација со Корона вирусот. За разлика од утринскиот прес, кога тој информираше дека вчерашните случаи се негативни, сега резултатите се поинакви.

Претходно денес, по одржување на средбата на советот за безбедност, Претседателот Пендаровски информираше дека се одлучило да не се воведе вонредна состојба, бидејќи се оценило дека мерките кои се спроведуваат во земјава, се покажале како добри.

-За разлика од други држави, каде е воведена вонредна состојба, кај нас мерките се исти, но не се наречени како ,,Вонредна состојба”, изјави претседателот Стево Пендаровски. Тој укажа дека ситуацијата се следи и доколку е потребно, ќе се применат поинакви мерки.

Министерот Филипче извести за пет нови случаи, кои денес на тестовите излегле позитивни. Но, тој извести и за двајца тестирани во болницата ,,Жан Митрев”. Но, како што рече министерот Филипче, овие два случаи ќе се тестираат повторно на клиниката за инфективни болести.

Министерот исто така известио дека комплетно се затвора и меѓународниот аеродром Скопје, освен за воени и државни цели, но и за затворање на други гранични премини, кои досега работеа.

На министерот му беше поставено новинарско прашање за лица од Волково, за кои соседите дека допатувале од странство, но тие не биле проверени, но и за поголема група патници кои пристигнале со авиокомпанијата Рајанеир. Имено, како што рече новинарот, тие се договориле да сокријат и да не се тестираат.

Министерот Филипче нагласи дека мерките кои се востановени мора да се почитуваат, во спротивно ќе следат строги казни. Министерот побара од новинарите конкретните информации кои ги имаат да му ги испратат лично него и тој че се завземе лично да се проверат луѓето кои евентуално не биле проверени.

Претходна статијаПоради Корона се искараа пејачката Сани и Мојсо музичарот
Следна статијаБолничар (47) кој бил на домашно лекување од корона, пред да издивне ја тешел жена си дека е во ред