Д-р Харис: Апелирав, но јас сум немоќен – во петокот на ,,Џума” отидоа и мои роднини

0

Д-р Харис Бабачиќ е млад доктор од Македонија, кој своите студии на скопскиот Медицински факултет ги заврши со највисоки оценки и беше прогласен за првенец на генерација. Тој денес живее и работи во Шведска.

Харис Бабачиќ се обиде како и многумина од докторската фела, да влијае на средината која го познава за разумно однесување во овие тешки моменти за човештвото, кои за жал не се разбираат доволно сериозно од обичните луѓе.

Тој завчера апелираше да се внимава, односно да не се оди на петочната ,,џума” (петочна молитва во џамиите), поради концентрацијата на многу народ на мал простор и зараза со Корона.

Очигледно не бил послушан, дури и од своите роднини. Слични апели имаше и за Македонската православна црква, но Синодот при МПЦ излезе со свое соопштение и свои аргументи.

,,Денес огромен број граѓани отидоа во џамија на петочна молитва (џума). Јас не можам тоа да го сфатам, но со оглед на тоа што беа отидени голем број од мојата фамилија, што би можел пак, да очекувам од останатите граѓани.

Крајно, крајно неодговорно и разочарувачки. Ние можеме да објаснуваме и подучуваме колку сакаме, но ако вие тоа не го сфаќате и непослушате, од тоа аир нема.

Повторувам – дезинфекцијата на џамијата НЕ Е доволна! И кога правилно ќе се изврши, а тоа сè уште е многу тешко во дадените услови, поради теписите во нашата џамија на која се молат луѓето. Луѓето се оние кои го пренесуваат вирусот и верниците и натаму се под ризик од заразување.

Во џамиите имаме голем број најризични категории граѓани – и мажи постари од 60 години. Моментно смртноста кај оваа популација е најмалку 18 а дури и до 70 пати поголема од оние што се на возраст помлади од 40 години.

Прочитајте го тоа уште еднаш. Ќе си ги изгубиме татковците, амиџите, дајиџите и дедовците поради глупавите размислувања и неуките луѓе кои не го слушаат советот од нас лекарите и научниците.

Опасноста е премногу реална. Вие сега не ја гледате, бидејќи сè уште не удрило силно, но ние константно ја следиме ситуацијата и знаеме што нè очекува ако тоа не успееме да го спречиме. Сериозно сфатете го ова што го говориме!

Исламската Верска Заедница во Македонија МОРА по итно да ги затвори џамиите! Најдобро е за тоа да донесат сами одлука, а ако не се способни за тоа, одлуката нека ја донесе власта!”, напиша Бабачиќ во своето обраќање на социјалните мрежи.

Претходна статијаАвиони над Европа од среде лет се враќаат назад – информирајте се пред да тргнете на пат
Следна статијаВучиќ до Србите во дијаспората – не доаѓајте за Велигден, тоа ќе биде крај за нас