Д-р Даниловски: Наместо да се редуцираат, бројот на автобусите треба да се удвои!

0

Денес многу Скопјани на своите профили на социјалните мрежи постираа фотографија од градските автобуси кои се преполни!

Владата и министерството за здравство од една страна препорачува седење дома, а доколку се излегува надвор држење социјална дистанца, а друга страна гледаме вакви сцени.

Нашиот најпознат Епидемиолог, Проф. д-р Драган Даниловски, денес во гостување на ТВ 24, покрај другите поенти, се задржа и на овие слики кои од утринава ги преплавија социјалните мрежи:

-Јас ги видов тие фотографии и можам едно да порачам. Наместо автобуските линии да се редуцираат, тие треба да се удвојат од тоа што биле во нормални услови. Како во ваков автобус би се држело социјална дистанца, запраша Даниловски.

Втората опција е автобускиот превоз комплетно да се укине.

Фотографиите се од профилот на скопјанецот Јохан Елзесер, кој исто така ја коментираше оваа небулозна ситуација со градскиот превоз и ги апострофираше надлежните подитно да превземат соодветни мерки.

Претходна статијаД-р Даниловски: Луѓе, ние сме во трета светска војна
Следна статијаВладата со нови мерки: Познато кога ќе може да движат постари од 67 години и помлади од 18 години