Д-р Даниловски: Луѓе, ние сме во трета светска војна

0

Еден од најпознатите Македонски и Европски епидемиолози, поранешниот министер за здравство во владата на Република Македонија Проф. д-р Драган Данилопвски, денес во гостување на ТВ 24 се задржа на неколку моменти околу борбата со Корона вирусот.

Тој повторно апелираше на поголема свесност од страна на граѓаните, но и порестриктивни мерки од страна на државата,

-Доколку гледаме дека мерките не ги даваат потребните резултати, мораме да ги заостриме, рече Даниловски.

,,Ова е војна луѓе. Мораме да сфатиме дека ние ја живееме третата светска војна и така да се однесуваме. Со тоа што, непријателот е невидлив, уште полошо сценарио”, рече Даниловски.

-Доколку го гледаш непријателот, можеш да се сокриеш, на некаков начин да се заштитиш, ова е полошо, бидејќи непријателот е невидлив, а сите сме изложени на него, подвлече Даниловски.

Тој се осврна уште еднаш на однесувањето на Италијаните, кои дури и денес кога им умираат стотици луѓе на ден, си тераат по старо и повика да земеме пример од Италија и да бидеме поодговорни, сите ние.

Претходна статијаБојко Борисов до богаташите во Бугарија: Продадете си ги мерцедесите и дадете плата на работниците
Следна статијаД-р Даниловски: Наместо да се редуцираат, бројот на автобусите треба да се удвои!