Читам информации од нашата земја и не можам да поверувам. Па зар и во вакви кризни моментио во кои се наоѓа светот, вие се занимавате со политика бе луѓе.
Го читам оној Николовски од најголемата опозициска партија, нуделе на власта лекари нивни партиски. Читам и не можам да поверувам. Зар е можно човек да изјави вакво нешто. Па зарем тие лекари кои имаат партиски книшки досега не се ставиле во служба на системот? Ако е така, државата треба најитно да им ги одземе лиценците и да бидат гонети.
Замислете во услови на во јна, некоја партија да излезе со соопштение во кое ќе каже дека членовите на нивната партија вработени во МВР или АРМ може да ги стави во служба на државата. А состојбата со Корона е налик на во ена состојба.
Дајте луѓе баталете политика, обединете се и помагајте секој колку што може. Нека заврши ова па после продолжете со партиски кавги.
Сакам да ви кажам дека гледајќи вака од страна, мислам дека Македонија добро се справува со кризата. За разлика од таму, овде во Америка има повеќе заразени по глава на жител и сеуште не се комплетно затворени школите, сеуште нема абер за затворање на ресторани, кафетерии.
Вие сте многу понапред со превентивните мерки. Но тука, за разлика од Македонија, кога ќе бидат донесени мерките ќе се почитуваат, тоа сум сигурен. Сега ,,болката” во МК е што граѓаните не ги почитуваат мерките, си се шетаат и се однесуваат како да се на одмор.
Читам исто така се напаѓа дека немало маски и дезинфекциони средства. Нема ни тука! Во Америка, најразвиената економија на светот, маски и дезинфекциони средства нема ниту во аптеките, ниту во продавниците, нигде. Нема веќе две недели!
Тоа е, луѓето се испаничија и изнакупија се што можеше да дофатат. Така да, опуштете се малку, џабе ви е сега политика терање. Ако Филипче правел некакви злоупотреби, гонете го после, кога ќе дојдете на власт, ама не го минирајте сега, помогнете му ако можете.
Помогнете му и на министерот Чулев и на други функционери од опозицијата. Обединете се луѓе, ова се тешки моменти. Во крајна линија ние сме мала земја, сите сме роднини од трто, четврто колено…
Фото: Илустрација
Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.