Заев и Мицкоски ,,си ги измерија” и на ,,Еден на еден” – еве кој имал поголема гледаност

0

Зоран Заев, во неделата имал двојно поголема гледаност во гостувањето во забавното шоу „Eден на Eден“ со Жаре на „Канал 5“, отколку неговиот пoлитички противник, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, чие гостување се емитуваше еден месец порано, објави „Локално“.

Според бројките, пишува порталот, просечниот број на гледачи во минута (AMR) кога се емитувало гостувањето на Мицкоски изнесувал 85.365, за разлика од Заев, кого во минута го гледале 145.635 гледачи.

Според бројот на гледачи кои барем една минута останале на каналот (RCH), Мицкоски го гледале 192.778, а Заев го гледале 248.059 гледачи. Меѓу другото, Заев зборуваше и за своите бизнис почетоци во Муртино.

„Јас до 1993-та година одев да копам на нивата во Муртино, моето родно место. Тогаш се вадеа пари доста од земјоделието и тоа се продаваше на пазарите во Србија, Босна. Поминав 4-5 години на пазарите низ Србија, го продавав родот.

Кога се вратив од студиите во Скопје, бев магационер една година во фирмите на мојата фамилија. Па истоварав половина шлепер, тоа е убаво искуство. Јас велам, не мора веднаш директор да се стане“, рече Заев.

Понатаму, раскажуваше и за caмотничкиот „стyдентcки“ живот во Скопје, во премиерската вила:

„Живеам како cтyдент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жeни што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам“, откри Заев.

На прашањето на Жаре како се храни, рече:

„Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“.

Заев раскажуваше и како 13 години по ред, новогодишната ноќ ја минувал во Заводот за заштита Бања Банско, заедно со децата со посебни потреби.

„Многу често како градоначалник, не сум имал прилика да славам Нова година. Знаат струмичани, 13 години по ред, Новата година ја чекав во Заводот за заштита Бања Банско, со децата со посебни потреби. Значи од пред полноќ до сабајле до 4 саат, заедно ја чекавме Новата година“.

„Дочекот на Нова година го поминувавте таму?“, го потпраша Жаре изненаден од она што го слуша. „13 години по ред“, потврди Заев, на што доби пофалба од водителот: „Браво, браво“.

„За мене Новата година е како излегување во сабота вечер“, дообразложи Заев, додавајќи дека децата биле многу радосни и тоа многу им значело.

„Тука песни се пееја, од Тоше Проески, сите наши стари македонски песни… и ми беше многу убаво“, сподели тој.

Заев објасни и зошто не му бил на инаyгypaцијата на Стево Пендаровски:

„Се собравме неколку другари и со моторите, без жeни, заминавме до замокот на Дракула во Романија. За жал, тогаш се погоди да биде инаугypaцијата на Пендаровски, се надевам не ми се лyти.

Па мораше да снимиме изјава, а едвај најдовме кошула да ја завршиме работата. Луѓето мислеа дека сме скapaни, а јас на Пендаровски подоцна му кажав што се случило“, рече Заев.

Мицкоски, пак, зборуваше за тоа како почнал да работи како хигиеничар, погодуваше и песни – прогнозирајќи дека „We Will Rock You“ на „Queen“ ќе се случи на 12 април, а рече и дека не се слуша со Груевски.

Претходна статијаТригодишната Јасна не пропушта литургија: Ние живееме скромно, му се молиме на Господ и постиме
Следна статијаСи седам во кафуле кога влегоа две девојки која од која поубава, ама тоа што следеше, сите не бутна од столче