Си седам во кафуле кога влегоа две девојки која од која поубава, ама тоа што следеше, сите не бутна од столче

0

Млад сум 20 годишен, невработен, студент, без девојка, уште живеам од она што ќе ми дадат мама и тато. Не сум паразит, напротив, студирам и планирам кога ќе завршам да си најдам работа.

Ако не успеам овде, тогаш некаде надвор. Како и да е, честопати со другарите одиме на кафе, некогаш дневна шема, некогаш навечер. За до толку можам да си дозволам, што се вели, ако треба нема да си купам сендвич за да јадам, ама за кафе или пиво со другарите мора да имам.

Како млад човек, можам да ви кажам дека моралот меѓу нас младината навистина е паднат, меѓутоа има и добри деца (како мене) што сепак внимаваме на достоинството.

Малку ни лета умот на овие години, сакаме да смениме што повеќе женски, ама сепак, да бидам искрен, на крај би сакал да се оженам со некоја пристојна девојка, од фино семејство, што се вели, да нема “долга километража”.

Девојките денес се смели, а како што ми велат моите дома, не било отсекогаш така. Порано момчето морало по стопати да ја моли девојката, да “искрши” и раце и нозе, да и’ симне милион ѕвезди само за да дојде до нејзиното срце и евентуално еден бакнеж. И толку.

Денес сè ти е на тацна, дури не ми се верува во она што ми го кажуваат моите.
Како и да е, сакам да ви раскажам за еден настан кој ми се случи пред некој ден. Си седам јас така во кафулето со другарите, кога влегуваат две девојки, една плавуша а другата црнка.

Не знаете која е поубава, со тоа што црнката малку “кривеше” на едната нога. Не знам зошто, можеби од некоја повреда или кратка нога. Сеедно.

Само што седнаа и пријде еден набилдан тип со тетоважи на раката, кратко ошишан, па почна да и’ се додворува на плавушата.

Очигледно добро се забавуваа и девојката го прифати неговото додворување, зошто постојано се смееше и го гледаше кокетно.

Едно време, тој кажа нешто од што сите што бевме во близина се свртевме и се замрзнавме. Да кажам, случајно го слушнавме нивниот разговор. Тој и’ рече:

“Сакаш ли јас и ти малку да прошетаме, а другарка ти може овде да нè почека, а ако сака и она нека дојде, ама како што гледам, нема далеку да стигне”.

После кажаново си се изнасмеа типот, чиниш којзнае колку смешен виц кажал. Плавушата веднаш ја смени фацата и му одговори:

“А гледам и ти со твојот мозок нема далеку да стигнеш. Таа има кратка нога, ама ти имаш краток памет! Прашај некој од луѓево што слушаат, па нека ти објаснат што е полошо. Те молам да нè оставиш сами, стани од масава.”

Попусто се извинуваше типот, демек не мислел така, се обидуваше да се извади, ама двете му свртеа глава и го игнорираа. По некое време виде-не виде, стана целиот вцрвен во лицето и си излезе. Ние сите што останавме прснавме да се смееме. Браво за девојката, царица!

С.П.

Претходна статијаЗаев и Мицкоски ,,си ги измерија” и на ,,Еден на еден” – еве кој имал поголема гледаност
Следна статијаЖивее живот на висока нога, ќерката на Мирко без 30.000 евра на тргнува на шопинг