Си дадов отказ во Њујорк и оставив плата од 7 илјади долари месечно – сега сум среќна

0

Само оној што живеел во Америка, ќе може да ја разбере девојката подолу, која одлучила да го напушти Њујорк, центарот на Америка и светот. Не зборуваме за некој што бил на неколку дена, бидејќи во таков случај перцепцијата е поинаква. Кога некаде ќе живееш и равботиш, тогаш можеш да ја видиш вистинската слика.

Животот во Америка се состои во работа, работа и само работа. Дури и кога не се работи, се работи. Дури и кога си на кафе со пријателите се зборува за работа, пари, повторно работа и пари…

На Ноел Ханкок ова и дошло преку глава. Пред четири години го напуштила својот живот на новинарка, си ги собрала работите, го откажала станот за кој плаќала 3 илјади долари месечно, ја напуштила добро платената работа каде земала седум илјади долари месечно и се преселила на карипскиот остров.

Животот во Њујорк го заменила со оној на карипскиот остров Свети Иван, а успешната кариера со плата од 95000 долари годишно го заменила со продавање на сладолед за 10 долари по час. Го продала имотот и купила карта во еден правец за Карибите.

Сега, после честири години одлучила да открие што е тоа што ја натерало да го напушти удобното секојдневие.

“Бев под стрес, немав инспирација и ми беше потребен одмор. Ако подолго време чувствуваш дека ти е потребен одмор, тогаш треба да направиш промена во животот.”

Таа признава дека нејзините родители, а ни нејзините пријатели не биле многу воодушевени.

Првата работа што ја работела на Карибите било продавање на сладолед што ја правело многу посреќна отколку фирмата во којашто работела претходно.

По некое време започнала да работи како хостеса, а потоа и како келнерка.

Признава дека има денови кога многу и недостига Њујорк, но сепак, не би се вратила таму бидејќи знае колку стрес носи овој град.

“Тоа е исто како да ви недостига некое момче, а знаете дека не е за вас.”

Таа нема идеја каде се гледа за пет години, а најважно во животот и е да се чувствува задоволно. Никогаш не се покајала за својата одлука.

Претходна статијаБлиска пријателка на Меган и Хари открива зошто го напуштиле кралското семејство
Следна статијаБаба ми имаше три сосетки во нејзината зграда со кои беше неразделна – еве што си правеа по цел ден