Сара од Ресен: Додека вие се занимавате со турски серии го загубивме Преспанско езеро

0

Статус на Сара Божиноска од Ресен, со кој укажува на алармантната состојба со Преспанското езеро, кое е повлечено како никогаш досега:

,,Ова е Преспанско Езеро….. како што може да забележите на сликите езерото полека но сигурно се губи, но сепак никој не ја забележува важноста на оваа загрижувачка еколошка катастрофа , по важно е кој политичар каков скандал направил и дали ќе има друга сезона од вашата омилена турска серија…

Јас не сум експерт но од тоа што го видов денес можам да кажам дека ситуацијата е навистина лоша, насекаде остатоци од изумрема езерака флора и фауна и купови на сува трска (а да не зборувам за отпадната пластика која е насекаде) , и тука доаѓа прашањето:

-До кога ќе се игнорираат еколошките катастрофи ? Зошто упорно се става превез од лаги и се занемарува континуираното уништување на природата????

Дека не измислувам некои си “паники” за еколошка катастрофа говорат и фотографииве , а еве и мал извадок од страната на Wikipedia за Преспанско Езеро:

“СЕГАШНАТА КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА на Големото Преспанско Езеро со: намалените ниво на водата за 9 метри и зафатнина за 50%, повлечената крајбрежна линија за 3,5 км., исушените блата, малиот дотек на чиста,свежа и богата со кислород вода, големото присуство и концентрација на сулфати и пестициди, плитката вода, продорот на сончевите зраци до дното, дислокацијата и наголемувањето на количината и просторот со присуство на разни видови алги, намалената чистота на водата и др. Е ПРЕМНОГУ ЗАГРИЖУВАЧКА и безнaдежна за Преспанската Котлина. https://mk.m.wikipedia.org/…/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF…

Како и да е , Вие не се грижете за ова , слободно обрнувајте внимание на други теми , и да се исуши езерото за нас пак вода ОД ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ќе има , па за другото и не е важно.”

Претходна статијаМакедонец од дијаспората: Што ми направивте, поради ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не можам да си го крстам детето
Следна статијаАртан Груби се фали: Создадовме 25.000 работни места за Албанци во администрацијата