Предлог на Зиков: По примерот на Шведска, на вработените во администрација да им се дава шест месеци одмор

0

Статус на Љупчо Зиков:

,,Оваа вест сум ја објавил лани со мој личен коментар. Најновата вест од Стокхолм вели дека новите закони од пред десетина дена дозволуваат Швеѓаните да можат да земат до 6 месеци отсуство од работа за да основаат свој бизнис…

Жителите на Шведска сега можат да земат шест месеци отсуство од работа за да стартуваат сопствен бизнис, а ако не оди се според планот, повторно можат да се вратат на старата работа.

Ова неплатено отсуство се вика Tjänstledighet и ги охрабрува луѓето да пробуваат нови нешта и поттикнува иновативна култура.

Коментар. Прекрасно! Еве една конкретна идеја за нашата Влада! Јас овие шведски закони би ги модифицирал и адаптирал на македонската стварност…

Тоа, според мене, би значело давање тест период на истурени позиции во јавната администрација, директори и службеници на јавни претпријатија да излезат и основаат приватен бизнис…

Да ги пробаме овие наши големи општествени умови кои ги трошат немилосрдно своите денови во јавната администрација со по четврт бурек и јогурт и едно еспресо (дневно следовање) без некоја специфична тежина на учинокот!

На пример, ако рикнат во обидот да отворат бизнис нека се вратат назад во администрацијата !?! Или од морален аспект ќе можат да си дадат отказ и од таму.

Ќарот ќе биде што барем ќе знаат како е да се работи и живее на асфалтот … на приходната страна на Буџетот, а не на расходната како што сега цицаат!

Особено сеирџиски тоа би го спровел како обид некои министри, па и заменици (особено активни и во оваа влада, како и во сите пред тоа) да излезат и да се обидат да основаат приватен бизнис. Ако не успејат нека се вратат на истата позиција доделена од премиерот…

Ќе знаеме колку навистина “тежат”! Ќарот за сите нас тука би бил што ќе знаат што практично се случува кога наутро ке ја отворат вратата во својата фирма и ке се соочат со неизвесноста и ризиците што ги носи секој ден.

Или, како што би рекол Жарко Лаушевиќ – Година проџе, дан никако.

Поединци и приватни компании основани од храбри луѓе херои на ова време кои одбиваат да чекаат државата да им го реши опстанокот во животот, а тие да и вратат на партијата…”

Претходна статијаПристига косовска полиција во Скопје: Познато од кои причини
Следна статијаБившата на Кајмакоски најискрено откри дали има нов дечко (ВИДЕО)