Откако ги завршив студиите на Филозфски факултет, две години седев дома без работа. Иако сакав да барам работа во главниот град немав доволно можности. Моите немаа доволно пари да плаќат кирија, а 200 евра плата ми беа малку за да се издржувам сама.
Времето ми поминуваше седејќи дома, гледајќи турски серии, некогаш ќе излезев со другарките на кафе, некогаш ќе умрев дома од досада.
Еднаш ми викнаа да одам на пробна работа во фабрика во мојот роден град, но од тоа ништо не бидна.
Подоцна, ми се јавија за едно интервју за работа во Скопје, но по 5 минути ми се јавија и ми рекоа дека се откажува интервјуто. Си реков „толку од мојата среќа“. Но, сега гледам дека секое лошо, за добро е. Дечко ми работеше во Германија, па и него имав прилика ретко да го гледам.
Деновите ми поминуваа по дома, се додека еднаш не ми се јави дечко ми и ми кажа дека ми нашол работа. Дека се ми е обезбедено, дека не ми треба јазик. Мислев дека тоа е одлична можност.
Кога дома им кажав на моите, прво се согласија да одам. Но, подоцна татко ми правеше проблеми. Ми велеше како така сама ќе одам, дали ќе се снајдам итн. Но, јас одлучив да одам и заминав.
Кога пристигнав таму се ми беше чудно. Ми беше тешко да се навикнам на средината и на луѓето. Многу потешко ми беше што не знаев јазик, па кога ќе дојдоа гости се чуствував непријано и секогаш мислев дека нешто за мене зборуваат.
Не како кај нас во Македонија. Луѓето овде живеат пребрзо темпо на живот и немат време за ноќен живот.
Но, се навикнував ден по ден. И дечко ми ретко го гледав, само за викенди кога беше слободен. Но, си велев подобро ова отколку дома сама и без пари. Кога тој беше на работа одев кај неговата братучетка, па така секогаш имав друштво.
Една сабота излеговме со дечко ми да прошетаме, ме носеше низ градот во кој живееше. Иако беше мал, сепак беше пријатен и убав. Откако, прошетавме отидовме на ручек во еден ресторан. Тој ми беше некако чуден, замислен, ништо не ми кажуваше. Но, сега знам зошто.
Кога завршиме со ручекот и ја плативме сметката и тамн кога станувавме, јас се наведнав да си ја земам ташната бидејќи ми падна и кога ја кренав главата го гледам клечи на колена. Прво, се исплашив да не му се слошило.
Го прашав дали е добро, тој само кимна со главта и од џеб извади една кутија,а од неа прстен и ме праша: Сакаш ли да се омажиш за мене? Јас се изненадив, бев шокирана, не ни очекував такво нешто. Во ресторанот слушнав силен аплауз, а јас едвај изустив Да и почнав да плачам од среќа!
Најискрено, отидов во Германија да заработам пари и никогаш не ни сонував дека таму ќе ме побараат за жена. Така да, верувајте, се ќе си дојде на свое место, а секое лошо за добро е, вели Македонката која полека ја подготвува свадбата.