Мето од Скопје: Верувавме дека во Нов Зеланд е прекрасно, но не до толку – ова е совршена земја

0

Млад брачен пар од Македонија веќе две години живее во Нов Зеланд. И двајцата се факултетски образовани, но во родната држава немале работа соодветна на тоа што го учеле, па и двајцата работеле како келнери. Животната судбина ги натерала да бараат нешто подобро.

-Веќе бевме во врска речиси 10 години, а и годините си одеа. Сакавме сите коцки да се средат па тогаш да се земеме. Но, секој ден тапкавме во место. Јас работев како шанкер, а таа како келнер.

И покрај тие ниски примања, ние решивме да се земеме. Уште од самиот почеток на нашата врска имавме желба еден ден да живееме во Нов Зеланд. И еве сега после 5 години брак, нашата желба се исполни, ја почнува приказната Мето од Скопје.

Тие веќе две години, живеат и работат таму. Велат дека животот таму е како во бајка. Дека сè е поразлично од кај нас.

Работат и имаат доволно финансии за себе, за домот, да шетање и по нешто да им остане на страна.

-Верувавме дека е прекрасно, но не до тој степен. Многу бевме изненадени кога дојдовме тука, раскажуваат тие.

Според нашите навики, Мето ја раскажува својата случка на улиците таму.

-Навикнати на нашето Скопје, постојан метеж со автомобили, возејќи кој како сака и каде сака, и јас така отидов таму.

Едно утро додека одев на работа, ме фати голем метеж на една од главните улици во градот. Не сакав да доцнам, а изумив дека повеќе не сум во Македонија, туку во Нов Зеланд, почнав да свирам, несвесно.

Одеднаш сите автомобили почнаа да се тргаат на страна, со цел да ми направат простор за да поминам. Се насмеав, ама и се почувствував многу непријатно. Она што во Скопје ми беше толку нормално, тука ме засрами, вели Мето.

Вакви слични искуства имаат нашинците и во други прекуокеански, но и Европски земји. Навистина делува шокирачки на почетокот, сета таа култура кога ќе отидеш во високоразвиена земја.

-После една година престој во Америка, јас мислам дека станав подобар човек. Зошто го велам ова? Затоа што многу од моите лоши навики, како расправии во сообраќај, во продавница, одење преку ред на шалтер и сите останати емпатични ситници, веќе не ги правам.

Се научив да викам добар ден, како си, како можам да ти помогнам, дури и на луѓе кои не ги познавам, односно ги гледам за првпат во мојот живот. Разликата во моето однесување ја приметија сите, кога минатото лето се вратив во татковината, раскажува Илија од Свети Николе кој живее во Чикаго.

Претходна статијаАвстрија веќе најави – ќе ги затвори ли Европа своите граници по најавата на Ердоган
Следна статијаСопственик од Струга: Ако немаш врска со политика нема да ги добиеш субвенциите