Македонците во Америка и Канада ќе го пречекаат најголемиот патриот меѓу музичарите

0

Влатко Лозановски е може слободмно да се каже, најголемиот патриот меѓу пејачите. Како што е познато, тој одби да учествува на ланските празнувања по повод приемот во НАТО.

Особено впечатливо беше неговото неодамнешно однесување во Белград, кога на доделувањето на наградите, а кога беше најавен, Лозано излезе на сцена и првото нешто што го кажа беше:

,,Јас сум од Македонија, не од Северна”, со тоа поправајќи го водителот кој го најави како пејач од Северна Македонија.

По барање на иселениците во дијаспората, нашата најголема музичка ѕвезда – Влатко Лозаноски – Лозано, на почетокот на март заминува на голема турнеја во Америка и Канада.

Лозано ќе одржи неколку концерти во најголемите градови каде живеат Македонци, а интересот досега е незапаметен како никогаш досега. Организаторот на турнејата, вели дека иселениците со нетрпение ги очекуваат закажаните концерти во Чикаго, Колумбус, Детроит, Њу Џерси и Торонто.

– Помина само еден ден откако официјално објавивме дека Влатко има турнеја во Америка и Канада и верувајте дека мојот мобилен телефон не престанува да ѕвони. По се изгледа нашинците ќе го видат Влатко и во неколку други градови во Америка.-изјави организаторот.

Влатко на настапите ќе биде придружуван од неколкумина професионални музичари, а покрај неговите најголеми хитови како „Километри“, „Јако, јако“, „Мајко“, „Ова лето ќе се памети“, „Сонце не ме грее“, „Надеж“, „Не те вадам од памет“ и многу други, на концертите Лозано ќе ги запее и најпознатите македонски народни песни.

– Се радувам што за првпат ќе настапувам пред многубројната македонска публика во Америка и Канада. Наназад низ годините имав доста понуди од таму, но решивме дека сега е вистинско време за една голема турнеја. Со нетрпение очекувам да дојде март и да започнат концертите.

Она што е интересно, откако објавивме на социјалните мрежи дека ќе одржам неколку концерти ми пристигнаа и доста пораки од Срби, Босанци, Хрвати и Бугари кои ми кажаа дека ќе бидат дел од публиката.-вели Влатко Лозаноски.

Инаку Лозано како што кажавме, важи за најголемата музичка ѕведа во Македонија последниве неколку години. Доказ за тоа беше и преполната спортска арена „Борис Трајковски“ во март, минатата година, потоа следea и концертите низ останатите градови низ цела Македонија, а исто така беше и единствениот македонски артист кој одржа успешен концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Исто важно што треба да се спомене, е тоа што пред само неколку недели, Влатко во Белград на големиот музички настан во Јужна Европа – „МАК“, ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера за целиот регион за песната „Мајко“.

Претходна статијаБоки 13 конечно се реши да открие се: Пандорината кутија официјално ја отварам од овој момент
Следна статијаПрвични детали за првиот Македонец со Корона вирус: Познато во каква состојба е и каде е во моментов