Ленче Георгиева: Во Пјанченца сум и не би се вратила во МК – не сакам да загрозам други

0

Денес во нашата држава беше дијагностициран и официјално потврден првиот случај на Корона вирус. Се работи за педесет годишна жена, која веќе две недели била болна, но сепак одлучила да се врати во државата.

Патувала со комбе и сега сите што биле со неа по патот се подложени на испитувања, како и кај нив би се востановила или отфрлила можноста да бидат заразени.

Ние пред два дена пишувавме, односно објавивме изјава на наша Македонка, која живее во близина на подрачјата кои беа ставени под карантин. Еве што таа ни изјави:

„Точно е она што се пишува во медиумите, најдобро ние овде што живееме знаеме каква е состојбата. Имено, веќе неколку дена училиштата се затворени, а луѓето не излегуваат од нивните домови.

Гужва единствено е во болниците сооглед на тоа што луѓето се исплашени и при најмал симптом, се оди на лекар“, вели нашата соговорничка и додава:

„Денес започнаа да се затварат и маркети кои останаа празни, без роба откако синоќа и утрово масовно се пазаруваше. Некои од луѓето веќе прекинаа и не одат на работа, а оние што го прават тоа се со заштитни маски. Вакво нешто во моите 15 години колку што сум во Италија досега не паметам.

Колку што знам најблискиот регистриран заболен од Корона од кај нас е одалечен 60 километри. Со сопругот и детето размислуваме да дојдеме на принуден одмор во Македонија. Но чекаме од газдата да прогласи колективен одмор. Знам дека е ризично сега да се патува, но мислимие дека тоа е најдобрата можна опција во моментов.”

На овој текст имаше лавина коментари кои ја осудуваа постапката на жената, која кажа дека со семејството планираат да се вратат назад. Впрочем, видовме што се случи со жена која ноќеска тоа и го направи. Сега не се знае попатно на колкумина таа им го пренела вирусот.

Впрочем и апелот на властите кај нас, но и во сите земји е да се редуцира патувањето на минимум.

Но еден коментар ни го привлече вниманието. Сепак, има свесни луѓе, кои не би ги ставиле под ризик останатите свои роднини, пријатели, познати и непознати. Ленче Георгиева напиша:

,,Во Пјаченца сум, ништо страшно, сè ќе се среди. Многу повеќе верувам во Италијанските власти, здравството и организацијата. Не би се вратила да бидам потенцијален ностител на вирусот. Тогаш би ја заразила цела МК, напиша Ленче.

На овој нејзин коментар се надоврзаа многумина кои го одобрија нејзиното размислување, за кое и ние би кажале дека е за респект. Браво Ленче!

П.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаУЈП објави кој заработил најмногу пари и колку – повторно се работи за доктор
Следна статијаНека не ве манипулираат околу коронавирусот: Се огласи познатиот доктор од Србија и ги открива причините