Каракамишева експресно објасни зошто не смеело да се гласа по втор пат за законот за ЈО

0

Денес во собранието се изгласа законот за ЈО. Првото гласање беше поништено од страна на претседателот Талат Џафери, поради тоа што не забележал дека некои од пратениците побарале збор процедурално.

Со свое објаснување преку статус на социјалните мрежи излезе професорката Тања Каракамишева:

,,Таљат Џафери уште еднаш во кри минален поход на кршење на Деловникот на Собранието и флагрантно кршење на постапката на одлучување и гласање на закон во Собранието.

Ако претседател на Собрание ја заклучил расправата и точката по која се расправало ја ставил на гласање, и ако пратениците гласале по законот, претседателот на Собранието НЕМА ПРАВО, НИТУ ИМА ДЕЛОВНИЧКО ОВЛАСТУВАЊЕ да го поништи гласањето.

Дополнително што Деловникот на Собранието не предвидува ПОНИШТУВАЊЕ на веќе спроведено гласање.

Во случајот со Законот за јавното обвинителство Џафери целосно ги прекршил чл. 95 и чл. 103 од Деловникот, бидејќи прво, дозволил да започне постапката на гласање и гласањето било спроведено, но откако го видел резултатот неповолен за власта одлучил самоиницијативно и самоволно да го поништи гласањето на пратениците и без никаква деловничка поткрепа да им даде право на процедурално обраќање на двајца пратеници надвор од сите деловнички процедури.

По заклучување на гласање и по завршено гласање пратеник нема право да бара, ниту претседател на собрание смее да одобри процедурално обраќање на пратеник.

Таљат тоа добро го знае, но дозволи да се случи театар и самоволие во Собранието.

Ова самоволие и кршење на Деловникот на Собранието од страна на Таљат е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и кривично дело несовесно вршење на службата. Одговорност мора да има! “, наведува меѓу другото Каракамишева.

Претходна статијаВо Хрватска започна да се оди во затвор за она што го прават многу Македонци
Следна статија(ВИДЕО) Се вжештува атмосферата во собранието: Затни ја устата – срам да ти е