Гордан Калајџиев за законот за ЈО: Тој е нестручен и конфузен – кажано и е на министерката Десковска

0

Сега е како некоја желботека, тоа што се сака да се вметне во закон се вметнува. Многу работи кои се проблем не се решаваат со законот за јавно обвинителство, и тоа и е кажано на министерката за правда Рената Дескоска, рече универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

-Најспорните прашања на пример не се за овој закон. За тоа дали ќе се водат истраги или не не е прашање на закон за јавно обвнителство, туку на закон за кривична постапка и судска пракса. Утре ќе се случува ова и во други теми. На пример, изземање на судии ќе се решава со закон за адвокатура.

Во основно кога ќе ви дадат тема прво гледаат дали сте ја погодиле темата. Вие може одлично да сте напишале состав, но да не сте ја погодиле темата. Така и тука, промашени се работите. И министерката и многу други ќе треба да паднат на испит со вакво однесување, рече Калајџиев.

Според него, не е нивни проблем што за законот за јавно обвинителство ја игнорираат експертската фела.

-Не знам зошто организираа јавна расправа кога се знаеше што ќе се слушне. И не само експертите, туку и обвинителите се незадоволни. Но, ние како експерти имаме полагодна позиција и може јавно да кажеме. Се влечат правни и политички чекори за кои не знаеме кој е автор.

Законот за јавно обвинителство е да се среди работите околу СЈО. Сега се прават некои импровизации. Во обрзаложението тоа што стои нема врска, велат заради усогласување со законот за кривична постапка, тоа нема врска, посочи Калајџиев.

Според него, немаме точна анализа колку СЈО било успешно.

-Јас би го оценил проектот како повеќе неуспешен отколу успешен. Лошо се организираше системот, не се организираа предметите. Зошто СЈО влезе во авантура да отвора нова предмети, дали сакаше пак да се факторизира, да го оправда големиот број на вработени.

СЈО немаше потреба да го зема Монструм, да го отвора предметот Империја. Тоа се процеси кои и се загрозија зошто ги ставија во законскиот рок што е проблематичен за СЈО, а отворање во незаконски рок ги прави и предметите незаконски, рече Калајџиев.

Тој смета дека проблемот на оваа власт е што извршаната власт удира шамар на судската власт.

-Откако се појавија „бомбите“ за нив се збори како индиции, а не докази, а тоа е сосема погрешно во правната наука. Индициите се индирекни докази, па така во бомбите има индирекни докази или индиции таму каде што Груевски вели удрете му шамар, тоа е директен доказ дека тој наредил некој да добие шамари, вели Калајџиев

Во врска со случајот „Рекет“ професорот напомена дека очекува да се „размота клопчето“ бидејќи Боки 13 има влезено длабоко во политиката.

-За жал ние се уште немаме обвинителство, кое е независно. Јавниот обвинител го бира власта па со самото тоа тој игра според нивните услови. Еден од тие услови е да не се гони самата политичка елита, изјави Калајџиев.

Извор: весник.ком

Претходна статијаБила одржана тајна погребна церемонија – потресен статус на Ванеса Брајант
Следна статијаСи ја ладам, ми рече кираџиката и ми го зеде мажот – кој ми е крив што ја прибрав дома