Ернест од Карпош 4 објаснува како се живее и колку се заработува во Австрија

0

Ернест Дамјановски за Галама објаснува како се живее и колку се заработува во Австрија

Ернест, колку години си во Австрија и во која држава работеше претходно?

Три години и 6 месеци сум во Австрија, Виена. Се преселив од Германија каде живеев 1 година и 6 месеци. Живеев во градот Херне, Норд Вестфален (кантон, област) во Германија.

Зошто се пресели од Германија во Австрија, подобар ли е животот тука?

Скопје е одалечено 2050 км. Од Херне, па затоа решив да се преселам некаде поблиску до балканските држави, затоа што имам многу пациенти од тој дел.
Австрија, Виена, ми беше некако и желба пред тоа да живеам, па така се и поклопија нештата и јас се преселив.

Имаш ли некакви документи за работа?

Имам работна виза на неопределено време. Сега се борам да отворам ординација тука, како би направил нешто добро и за мене а за пациентите.

Дали си носталгичен по дома, колку пати годишно доаѓаш во Македонија?

Јас некако овие 5 години ги поминувам на пат. Многу често доаѓам во Македонија. Годишно минимум 5 пати. Ме влече таа моја Македонија како магнет.

Каков е животот во Австрија, дали како кај нас кафеаните се преполни?

Во Австрија животот е ужас. Нема кафани, кафичи, нема ништо. Не дека нема, него нема со кој да седиш и да правиш гезмиња како кај нас.

Колку чини потрошувачката кошничка, колку чини кирија за стан…?

Секој се бори да опстои тука. Животот е тежок и скап. Ама гледано од другите центри како Минхен, Дизелдорф, Парис, Лондон или Цирих, сепак тука е нешто поефтино.

Месечната кошница не е преку 500 е за двајца. Струјата е нешто поефтина од Германија и е одприлика измеѓу 30е и 60е. Тука има и гас, кој на месечно ниво е измеѓу 30е и 60е., зависно колку ќе потрошиш.

Колку се движат платите, се заработува ли доволно?

Платите се движат од 700е па нагоре. Претежно луѓето од бившите Ју простори работат месечно од 1000 до 2000 нето плата. Ама таа 2000 е реткост. Иначе имам пријатели кој знам дека заработуваат и преку 3000е месечно. Казнената политика е многу ригорозна. Камери на секој чекор. Дисциплина јака.

Има ли работа за секого, се наоѓа ли лесно?

Работа во Виена има колку сакаш. Се бараат од сите професии. Меѓутоа на црно, тешко некој да може да те прими. Мора да се имаат уредни документи (виза). Најскапо нешто во Виена е стан под кирија. Еден обичен стан од 40 км2 не може да се најде под 450е. И тоа ако го најдеш за таа цена, треба 3 години да славиш.

Ти благодарам Ернест и ти посакувам уште поголем успех во животот!

Ви благодарам и јас вам, ви посакувам успех, и да знаете, Галама многу се чита во дијаспората!

Разговорот го водеше: Петар П.

Претходна статијаТамара Тодевска и се врати на старата страст (ФОТО)
Следна статијаНе, ова не е Тесла – името на овој ,,ѕвер” е Никола (ФОТО)