Елизабета сопругата на Пендаровски во нова мисија – ,,Таа лета со сопствени крилја“

0

Сопругата на Претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, по професија е дипломиран Стоматолог и е редовен професор на Стоматолошкиот факултет, при универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје.

Титулата Прва дама, подразбира и непишани обврски за општествени активности, кои и сопругата на претходниот Претседател, Маја Иванова ги практикуваше. Таа пред сè се ангажираше околу помош на скопската “Детска клиника”.

Една од најекспонираните “Први дами” во нашата држава, беше сопругата на поранешниот Премиер Љубчо Георгиевски, Снежана, која преку својата фондација “Благовестие” успеа да помогне во доедукација на многу талентирани луѓе, дејствуваше во хуманитарни акции, медицински апарати за здравството и.т.н.

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на денешниот настан „Таа лета со сопствени крилја“, организиран во рамките на иницијативата за Западен Балкан на шведскиот Институт за претприемништво кај жените, а поддржан од Амбасадата на Шведска во земјава.

Во своето обраќање пред присутните на настанот, Ѓоргиевска истакна дека успехот, како и многу други важни нешта во животот немаат возраст и дека на патот кон успехот младите жени треба да бидат самоуверени, да комбинираат амбиција и инспирација и да го најдат своето идеално место, соопштија од Кабинетот на претседателот.

– Вашата приказна може да инспирира некој друг, затоа споделете ја со другите и поддржете и други жени да успеат, рече Ѓоргиевска и додаде дека образованието е многу важно и затоа и таа се трудела да учи од најдобрите.

Таа исто така порача дека работните места не треба да се етикетираат како „женски“ или како „машки“, туку дека сите треба да се стремиме кон постигнување поголема родова еднаквост.

На настанот свои искуства од областа на претприемништвото пренесоа успешни жени од бизнис секторот од повеќе странски земји меѓу кои и професори од Универзитетот Лунд од Шведска со цел истите да мотивираат и инспирираат за вклучување на жените во светот на претприемништвото.

Проектот е инициран од три млади жени кои беа дел од обуката за иновации и претприемништво на Шведскиот Институт во Лунд, a составен дел од настанот беше и церемонијата на доделување на признанија на Ирена Јакимовска, Гзиме Фејзи и Фатма Бајрам Аземовска за нивните достигнувања како успешни жени во своите области на делување.

Покрај своите обврски во државниот протокол, кога треба да е присутна во придружба на својот сопруг, радува фактот што Елизабета ги поддржува сите настани на кои е поканета, а кои тангираат разни категории луѓе во општеството.

Претходна статијаВаско Ефтов открива кој ќе биде идниот лидер на ВМРО доколку Мицкоски не успее да стане Премиер
Следна статијаВажно известување од посредниците за бугарски пасош до Македонците што минале интервју