Дури бев на работа свекрва ми го избричила детето – збеснав кога видов

0

Жена која се потпишала како Александра58 на форумот Babycenter.com, го изнела проблемот со кој се соочила, а сите жени на таа ситуација бурно реагирале.

– Мажот и свекрвата му ја избричиле главата на нашето дете. Тројцата веќе зборувавме необврзувачки на оваа тема (двајцата ми објасниле зошто е “добро” да се избричи главата на бебето пред околу една недела, и јас бев одречно против тоа).

Вчера кога дојдов од работа дома во собата затекнав ќелаво бебе! Не знам што мислат дека ќе постигнат со тоа, а и резултатите воопшто не ме интересираат.

Она што ме згрозува е фактот дека тоа го направиле без дозвола и по наведување на неговата мајка. Бездруго сум повеќе од бесна на неа, бидејќи околу Нова година намина кај нас, и не престана да го бакнува детето, иако беше настината.

Сега ќелавото бебенце ми изгледа премногу смешно, а не знам ниту како успеало да ја издржи таа тортура – вели Александра.

Реакциите на другите мајки на форумот биле повеќе од бурни. Првото шишање е голема работа и за детето и за родителите.

– Не знам што би им направила да ми го оќелават бебето зад грб, но знам дека не би завршило добро за нив – вели една мајка.

Некои мајки, впрочем, кажуваат дека не им е јасно зошто се вознемирила Александра толку кога тоа е “само коса, и бездруго брзо ќе порасне”.

– Работата е во тоа што подеднакво ме изнервира и мојот сопруг, кој ништо не знае за воспитување на децао, и без да се спротивстави ги слуша застарените мајчински совети, дури и кога ќе кажам дека тоа е глупаво – вели Александра.

– На твое место, јас после тоа би ѝ забранила на свекрвата сама да остане со детето, без твоја контрола – остра е една од мајките.

А што вие кажувате на ова, што би направиле на местото на Александра?

Претходна статијаВлера Ѓакова пратеничка од партијата на Курти: Никогаш Северна, само Македонија
Следна статијаПорошенко: Преговорите со Путин беа најтешката ноќ во мојот живот