До тука било – Северина го избриша презимето Којиќ од сите профили

0

Пред неколку дена, Северина го отстрани презимето на Игор од сите социјални мрежи и го остави само своето име со кое ја изгради сопствената кариера.

Според информациите, снаата на Кеба неодамна на доделување на награди се појавила без сопругот што ја натера публиката да помисли дека на релација Сева – Игор нешто не е во ред, а пејачката покрена дополнителни сомнежи неколку часа подоцна, кога на социјалните мрежи го отстрани презимето Којиќ.

„Северина дојде сама да ја земе наградата, што беше чудно за сите, бидејќи таа беше речиси неразделна од Игор. Дека нешто не е во ред, беше јасно откако ја прашаа каде е Игор, на што таа кратко одговори:

Тој не дојде со мене. Таа не сакаше да одговара на прашања за нејзиниот сопруг, што ги изненади сите. Таа уживаше во друштвото на децата кои беа со неа на сцената. Ако не излегуваа заедно понекогаш, ќе поминуваа време на телефон, што не беше случај сега“, вели извор кој се нашол на лице место.

Северина го избриша презимето и го остави само своето. И не само тоа, туку ги отследила и Игор, но и неговата мајка, додека пак Игор се уште ја следи Северина.

Таа сеуште ги нема потврдено овие информации, но сите индиции наведуваат на тоа дека таа повторно се разведува.

Извор: Естрадаплус

Претходна статијаОва за Весна Змијанац не сме го знаеле – изгубила два сина, објасни и како
Следна статијаНа актерка од Преспав не и беше дозволено да замине во Германија – таа раскажува што се случило на Скопскиот аеродром