Од 3 јануари нов премиер на Македонија ќе биде Оливер Спасовски, сегашниот министер за внатрешни работи ќе ја преземе фотелјата на Заев и ќе стане вториот технички премиер кој го имала државата.
Вториот фаворит за технички премиер односно Мила Царовска ќе го добие местото вицепремиер за економски прашања.
Одлучено е исто така Санела Шкријељ – актуелна шефица на кабинетот на министерката Царовска, да биде заменик-министерка за труд и социјална политика на предлог на СДСМ.
Славјанка Петровска – шефица во кабинетот на Оливер Спасовски да биде заменик министерка за внатрешни работи, кажа Заев.
Заев вели дека очекува нивните предлози да бидат прифатени во Собранието, а за министрите кои ќе бидат предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на маса пред Мицкоски ќе стави критериуми кои тие треба да ги исполнат.