Ружица, поранешната жена на Перо Антиќ проговори пак за него и откри кога го засакала

0

Славното презиме Антиќ Ве фрли во фокусот на јавноста и кога бевте во брак со кошаркарот Перо (13 години) и кога се разведовте годинава. Дали тоа Ви пречеше или се навикнавте?

– Никогаш не ми пречело ништо, јас сẻ уште не се доживувам како јавна личност иако имам јавна професија. Настојувам да водам нормален живот, сите лоши коментари кои се составен дел од социјалните мрежи не ги доживувам лично.

Сите што ме познаваат знаат дека имам многу весела природа и дека никогаш не сум имала никаков притисок. Јас Перо го запознав и засакав многу години пред да биде јавна личност така да и теретот од неговата слава никогаш не сум го гледала на тој начин.

* Во вашите колумни во „Портрет“ често ги раскажувате приватните ситуации и дилеми. Тие се еден вид ваша катарза или храброст на жена која не се плаши од ништо?

-Колумните во „Портрет“ се мој начин да испратам порака до секоја македонска жена, дека дојде време во кое треба да си ја симнеме тежината што ја носиме од корените на патријархот во нашето општество.

Секоја од нас поминува низ различни улоги во животот, поради кои постојано сме етикетирани, осудувани и маргинализирани.

Моите колумни се мој личен пример дека секоја од нас треба да тргне од себе, од своите слабости, маани, болки и неуспеси и да им покаже на останатите жени дека не се сами.

Големиот број на позитивни коментари што ги добивам од нашите читателки ми се доказ дека моите колумни ги доживуваат на вистински начин, како мое соголување со единствена цел, подигнување на свеста за отворено да се зборува за проблемите на македонската жена.

* Животот го прават подеми и падови, радоста е измешана со болка, реалноста со фантазијата. Кој е вашиот свет? Што ве прави среќна, а што тажна?

– Многу работи ме прават среќна, и можеби најубавата лекција што сум ја научила од моите родители да се радувам на мали работи ми помага да ја доживувам среќата и во многу тешки животни ситуации.

Не држам лутина, не сум завидлива, лесно се лутам, но уште полесно заборавам и простувам и тие лични карактеристики веројатно ми помогнале да се радувам секојдневно.

Тажна ме прават исто така многу работи, сите трогателни семејни приказни на кои сме сведоци секојдневно, сите неправди кон животните, сите работи поврзани со нечие лошо здравје длабоко ме потресуваат.

* Дали уште верувате во љубовта?

– Никогаш не ја раздвојувам љубовта од себе си, така да не ја доживувам како нешто во што верувам или не. Таа е дел од моето постоење и секогаш тоа ќе биде така.

* Што ве тера напред, а што не би повториле?

– Напред ме тераат сите убави работи што ми ги донел животот, за кои сум бескрајно благодарна. Имам здрави деца, прекрасно семејство, одлична работа, не посакувам зло на никого и нема зашто да не сакам да одам напред.

Не би повторила многу работи, како и секој човек сум правела свесно или несвесно многу грешки и сẻ уште правам на секој чекор.

Не можам да издвојам една работа за која би била целосно сигурно дека не би ја повторила, можеби би се однесувала поискусно за некои работи, би влегла со ладна глава, но не можам да кажам дека некоја животна лекција ми е целосно научена.

Целото интервју проследете го на „Женски Магазин“

Претходна статијаЗа многу работи не се согласувам со Заев, но за една – капа доле друже
Следна статија(ФОТО) Каракамишева го покажа сопругот – ,,типот” е страстен моторџија