Нашата најдобра фолкерка го откажа настапот за Нова Година – Елена Велевска е сериозно болна?

0

Елена Велевска периодов имаше преновогодишни обврски, снимања, гостувања и мноогу настапи. Како што неодамна изјави во едно интервју, пејачката не памети кога последен пат ја дочекала Нова Година во домашна атмосфера, но по се изгледа 2020 ќе биде токму таква.

Континуираната работа, снимањата и настапите, го земаа данокот, па Велевска иако најави дека 31-ви декември ќе го помине работно како и изминатите години, таа го откажа настапот.

Пејачката на својот Инстаграм профил ја извести својата публика и сите оние кои планираа да ја слушаат за најлудата ноќ, дека настапот е откажан поради здравствени причини.

Инаку, Елена требаше да пее во еден ресторан во Радовиш. И посакуваме побрзо закрепнување и во 2020 година да влезе со здравје за извоз.

Извор: Вистина

Фото: Инстаграм evelevska

Претходна статијаДиезел возила со постаро годиште нема да смеат да се возат повеќе од 1 јануари во Брисел
Следна статијаИна Многуфина за ,,моќникот” Аце од Лозово