Карлеуша открива нови моменти од приватниот живот: Јас сум таа што простува во нашиот брак

0

И додека целата балканска јавност изминатата година го сожалуваше фудбалерот Душко Тошиќ, поради аферата која се појави за неговата сопруга, таа во предновогодишна изјава вели дека всушност работите во нивниот брак се поинакви.

Јелена Карлеуша тврди дека е попопустлива кон нејзиниот сопруг Душко Тошиќ отколку што е тој кон неа!

Поп-sвездата вели дека имале сопки во нивниот брак, кои успешно ги надминале.

– На Душко му пружив безброј нови шанси! Не сум сигурна дека тој би бил подготвен за истиот тест на издржливост. Ние жените сме потолерантни и поголеми будали“, рече Карлеуша за „Хелоу“.

Пејачката, која ја испраќа најтурбулентната година во нејзиниот приватен живот, не помислува да се разведе.

„Сè уште верувам дека сопружниците треба да останат во брак заради децата, каков и да е тој“, рече Јелена.

Таа тврди дека има љубов за сите времиња, но дека таа не е помеѓу маж и жена.

– Тоа е љубовта на мајката кон детето. Сè друго е подложно на ерозија – рече Карлеуша.

Пејачката не се помирила со смртта на нејзината мајка Дивна, која почина од рак на белите дробови во март:

– Мислам дека Дивна не замина и никогаш нема. Таа е тука со секој мој здив, секое чукање на срцето и секоја мисла. Мајка ми живее низ мене. Некаде пре крајот тоа и го реков.

Сакав да и биде кристално јасно. Двете бевме толку поврзани на сите нивоа, што тоа не може да исчезне. Тој вид љубов никогаш не заминува.

Јас не зборувам за мајка ми во минато, ниту тоа го прават луѓето во моето опкружување, завршува познатата српска пејачка.

Претходна статија(ВИДЕО) Што ти е живот: Изгубил богатство од 29 милиони долари, па се преселил на пуст остров
Следна статијаЗа многу работи не се согласувам со Заев, но за една – капа доле друже