Статус на Д-р Александар Митов: ,,Во својот последен говор папата Бенедикт XVI зборува за “диктатурата на релативизмот”.
Или, на македонски кажано, тоа е исто со “насила правење глуп”, како и “паѓање од Марс”.
Со други зборови, на човек му е се’ јасно или може да му биде јасно ако сака да му е, но НЕ САКА.
Најчесто заради интереси, лични секако.
И така на апла фатени лаги, на апла фатени кражби, на апла јасни злодела се гледа како на нешто друго, било што, само не тоа што тие вистински се.
Во основа, диктатурата на релативизмот е втемелена во самозалажувањето, а во името на ИНТЕРЕСОТ.”