Весна Змијана се појави на една прослава заедно со 16 години помладото поранешно момче, оперскиот пејач Никола Мијаиловиќ.
Цело време, некогашниот пар седел заедно, а и постојано разговарале.
Весна и Никола, како што пишуваат српските медиуми, биле заедно во 2009 година. Раскинале кога таа започнала врска со Жељко Ристиќ Љубовта ја обновиле во 2014 година, а тогаш се пишувало дека почнале и заедно да живеат.
После раскинувањето останале во добри односи.
Весна Змијанац невиност изгубила на 15 години, и тоа со тогашниот наставник по математика, што фолк ѕзведата го опишала во својата автобиографија која носи наслов “Kad zamirišu jorgovani”.
Како што објаснила, израснала без двајцата родители, поради тоа што нејзиниот татко по разводот од мајка и се вратил во Хрватска, мајка и заминала во Австрија. Токму поради тоа Весна родители барала во други луѓе, а во наставникот со кој ја изгубила невиноста признала дека ја видела фигурата на нејзиниот татко.
– Кога завршив основно училиште, заминав да живеам кај мајка ми во Виена, но пред тоа веќе бев во некој однос со наставникот по математика. Меѓутоа кога по завршената прва година средно дојдов на распуст во Краљево, нашата врска стана навистина она што се нарекува љубовна врска на двајца. Сите препреки беа одстранети. Веќе не му бев дете, а иако малолетна, тогаш изгледав многу постаро за своите години – рекла Весна.
– Разликата во години исто така не претставуваше пречка. Бар не на мене. Ми требаше некој постар, некој во кого го барав својот татко. На почеток ми сметаше тоа што беше мојот наставник, човек кој буквално ме знаеше од мали нозе, кој ме испрашуваше и ме оценуваше, но близината си го направи своето, а неговото инсистирање врската да биде јавна (се шетавме држејќи се за рака) во мене ги отстрани сите пречки – искрено открила Весна.
– Тоа прво љубовно искуство беше некако забрзано, лишено од посебност и свечено расположение. Не многу болно, но во грч, нежно и скромно. Се во се, просечно. Кога ќе се земе се во предвид морало така да биде. Велам се, а мислам на време (првиот мрак), место (шеталиште кај Ибра) и на нас учесниците. И толку за тоа – до детали го опишала односнот со наставникот.
– Се повтори уште два пати за време на мојот распуст, секогаш во приближно исти околности и со ист краен резултат и чувство. Не беше мачно, далеку од тоа, но како премногу обично. И ми значи, и не ми значи. И ми е убаво, и не ми е. Помалку сум и разочарана, но се надевам дека тоа разочарување ќе помине. За среќа, помина без несакани последици и ефекти. Нашата врска заврши сама од себе, а неговото инсистирање на тоа беше логично. Деновите до крајот на распустот ги поминав кај Ибра, наставникот веќе не го видов – објаснила Весна.
Една од најпопуларните пејачки на народната музика, Весна Змијанац во текот на целата кариера важеше за голема заводничка, а нејзиниот приватен живот отсекогаш бил интересен за јавноста.
Со оглед на тоа дека нејзината ќерка тргна по нејзините стапки, сите ја познаваат Николија. Меѓутоа, нејзиниот татко многу ретко се појавува во јавноста.
Првиот сопруг на Весна Змијанац е доктор на економски науки Владо Јовановиќ со кого пејачката ја има ќерката Николија.
По разводот од Весна, Владо повторно се ожени и доби две деца, ќерката Теодора и синот Лука.
Владо Јовановиќ никогаш не сака јавно да се експонира, а не бил пресреќен што неговата ќерка Николија одлучила да биде пејачка.
„Мојот татко е „алергичен“ на се што е поврзано со шоубизнисот, уште од периодот кога бил со мојата мајка. Тој како доктор на науки ме советуваше да не се занимавам со пеење“ изјави Николина во една прилика.
Една од ретките прилики кога јавноста имаше можност да го види Владо е кога се породи Николија и тој дојде во болница да ја посети својата ќерка.