Таа е силна која може да ги издржи и најголемите тешкотии, а додека го оди тешкиот пат, на неа нема да забележите ни трага умор.
Она што на секој просечен маж би му било тешко да го изведе, оваа дама ќе го направи тоа така достоинствено, при што ќе се запрашате дали сте достојни за нејзиното внимание.
Жената Јарец привлекува послаби мажи. Не е лесно да ја сфатите, бидејќи таа често го менува своето однесување и расположение. Таа е тип на жена која се плаши да се заљуби во погрешна личност. Но, кога ќе го најде вистинскиот, таа е полна со силни и искрени емоции.
Ако заклучите дека сте компатибилни, тогаш бидете сигурни дека вашата љубов ќе гори тивко и бавно, додека сите веќе ќе бидат изгорени.
Кога сте во врска со оваа жена, треба да бидете одговорни и посветени. Со неа секој ден ќе ви станува подобар, додека еден ден не сфатите дека сте станале цар кој ужива во почитувањето и авторитетот од оние околу себе. оваа жена ќе ве сака и тогаш кога не сте многу успешни, а притоа ќе ви вметне стабилност. Таа не живее во фантазија, туку цврсто стои на земја и добро знае од кој што може да очекува.
Смелоста е првото нешто со кое ќе ве маѓепса девојка со хороскопски знак јарец. Нејзиното природно однесување зад кое се крие храбра и моќна личност, истовремено ви создава спокојство и страхопочит за оваа девојка. Женските јарци привлекуваат внимание со самото свое присуство. Без разлика дали станува збор за ситуации од професионален или личен карактер, таа може да ги команда луѓето во просторијата само со нејзиното дишење.
Доколку не ја познавате добро може да помислите дека изгледа како некоја ледена кралица, но реалноста е поинаква. Таа е страсна девојка, но тоа добро го сокрива, прикажувајќи му ја на светот само својата студена надворешност. Ако успеете да ја препознаете нејзината поинаква внатрешна страна, ќе бидете еден чекор поблиску до нејзините вистински намери со вас.
„Самоконтрола“ е многу соодветен збор за опис на карактерот на женските јарци. Контролирајќи ги своите емоции, претставничките на овој знак делуваат како да се во секој момент стопроцентно смирени, спокојни и присебни. Ним им е потребна таа самоконтрола бидејќи под површината се тотално спротивни.
Оваа ледена кралица e во суштина една многу нежна и топла жена, која не чувствува потреба да им го покаже тоа свое лице на луѓето, освен ако нема проклето добра причина за тоа. Нејзините стандарди се навистина високи, па наместо да верувате дека таа ќе „падне“ на вашиот шарм, треба навистина да се потрудите да го освоите нејзиното срце, за таа да ви дозволи да јa видите нејзината внатрешност.
Реално, може попрво да изгубите верба дека нешто сериозно ќе се случи со оваа девојка, отколку да стигнете до некој повисок стадиум на освојување на нејзиното срце. Во некои моменти може да се чувствувате како обидот да ја освоите оваа девојка тотално да ви ја исцрпел енергијата.
На почетокот, може и да не ве прима подалеку од куќниот праг ни како пријател кој ѝ дошол на кафе. Оваа жена го има сето трпение на светот и не се плаши да го употреби. Таа најверојатно си мисли дека не ѝ е потребен партнер, сè додека некој доволно упорен, не ја убеди во спротивното. Тајната е да бидете доволно мил, за да успеете да го стопите нејзиниот леден ѕид.
Без разлика што претставничките на овој знак честопати се окарактеризирани како силни и бестрашни жени, сепак ним потајно им се допаѓа кога партнерот е тој кој презема одреден дел од контролата.
Работата нема да заврши на арно, доколку веднаш почнете да ја заведувате и шармирате. Нема да ви прости ниту ако направите грешка. Бавно но сигурно, е вистинското темпо со кое треба да се движите за да ѝ го затреперите нејзиното срце. За јарците, најдобри љубовни врски се оние чиј прогрес се движел по природен пат.
Спријателете се со неа, покажете ѝ ја вашата поддршка и држете си го изливот на страст на минимум. Почетните разговори треба да ви бидат весели, површни и од општ карактер. Приближувајте ѝ се онолку колку што таа ви дозволува и за кратко време ќе се видите себеси, како седите со оваа девојка во некој интимен ресторан на романтична вечера.
Ако сте успеале да го привлечете вниманието на ваква жена, тогаш бидете сигурни дека таа ве познава подобро отколку што се познавате вие самиот. Таа знае колку вредите и од вас ќе се труди да го извлече најдоброто!