„Уморен сум од настапи и патувања“- Ова Шабан го изјавил пред само еден месец, неговите зборови ќе ве расплачат

0

Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика кој настрада во сообраќајна несреќа во Германија пред само еден месец во интервју за српски „Гламур“ зборувал дека патувањата најмногу го нервираат и дека веќе е уморен од настапи и менување на авиони.

Што се однесува до мене, јас уште утре би отишол во пензија, но менаџерите не ми дозволуваат. Не вреди, може да се каже дека малку ме ослободија, но не е тоа тоа, од доцните 80-ти па се до денес не сум бил слободен ниту еден викенд.

Сите сопственици на локали, дискотеки, каде што настапувам со текот на годините станаа и мои пријатели и едноставно не можам да ги одбијам кога ќе ме побараат за настап.

Уф, колку би било добро кога би можел да се одморам. Патувањата се многу напорни, немам проблем да пеам и по 12 часа, но само да можам да не патувам, открил тогаш Шабан.

Во 2015 година, како и на секој од неговите концерти во Македонија, Шаулиќ не ја пропушти можноста на македонската публика да ѝ се обрати на јазикот кој што го научил додека служел војска.

Војската не секому му буди убави спомени, но за мене тоа е веројатно е еден од најубавите периоди во животот. Со Македонија ме врзуваат многу убави спомени и секое доаѓање долу е како враќање дома. Знам дека не зборувам македонски најдобро, но се трудам. Вашиот јазик е многу убав. За песните воопшто и не станува збор, рече тогаш пејачот.

Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951 во Шабац, Југославија. Во текот на неговата богата кариера од медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.

Првиот албум на Шабан Шаулиќ излезе во 1969 година, кога имал само 18 години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола.

До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.Неговата жена се вика Гордана за која тој има напишано и издадено хит-песна во албумот Кафанска ноћ (1985) наречена „Гордана“. Песните „Дојди да остариме заедно“ и „И два галеба бела“ се сметаа за најдобри некогаш отпеани народни песни.

Освен овие песни, големи хитови на Шабан Шаулиќ беа и „Увенуче нарцис бели“, „Сине“, „Данима те чекам“, „Снежана“, „Одлазиш, одлазиш“, „Позн’о бих те меѓ хиљаду жена“ и други.

Првата сингл плоча „Дајте ми утјеху“ ја сними во 1969 година за ПГП-РТБ. Оттогаш сними 22 сингл плочи и повеќе од 30 албуми. Шаулиќ е еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ. Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“.

Со својата сопруга Гордана има три деца — Санела, Илдуза и Михајло. Илда е исто така пејачка на новокомпонирана народна музика.

Кума на Шабан Шаулиќ е познатата пејачка Зорица Брунцлиќ.

Претходна статијаМу велев – Драг Боже, Шале, опушти се: Саша Матиќ за големиот немир и стрес на Шаулиќ:
Следна статијаЌе дадат и срце и душа за вас: Овие знаци од хороскопот имаат златен карактер