Саша Поповиќ ја убедил Карлеуша: Познато кога се враќа Јелена во Ѕвездите на Гранд

0

Пејачката Јелена Карлеуша не може да се помири со фактот дека нејзината мајка веќе ја нема. Ги откажа сите настапи во наредните шест месеци, не се појавува во јавноста, а не е активна ниту на социјалните мрежи.

Нејзиниот сопруг Душко исто така ги откажа сите обврски во Кина се со цел да остане во Белград покрај Јелена и да и помогне да излезе од депресија.

Нејзиното учество во „Ѕвездите на Гранд“ се уште е неизвесно, а според првичните пишувања на српски „Курир“ во популарното шоу би требало да се врати за 40 дена.

Јелена нема да се појавува во јавноста најмалку шест месеци, но Саша Поповиќ ја убедува тоа да го направи откако ќе завршат 40 дена затоа што е свесен дека на Јелена и годи учеството во “Ѕвездите на Гранд“, открил извор близок до пејачката.

Јелена Карлеуша постојано размислува што може да направи за неа и сега, кога веќе не е покрај неа.

Токму затоа одлучи да побара од Марина Туцаковиќ, која и’ беше блиска пријателка на покојната радиоводителка, да и’ напише емотивна балада со која планира да се врати на музичката сцена. На тој начин, сака да и’ се оддолжи на мајка си за се’ што направила за неа во текот на животот.

Се разбира дека ќе и’ ја исполнам желбата на Јелена и дека ќе напишам песна за нејзината мајка. Се’ уште е рано да зборуваме за тоа бидејќи Дивна почина неодамна и едноставно не е вистинско време за такво нешто.

Прво мора да помине некое време. Се’ уште немам во план како би изгледал тој текст, тоа зависи од нигот кога ќе седнам да го пишувам“, потврди Марина, која Дивна ја памети како „човечиште“.

Претходна статијаЈована Јоксимовиќ со брутален одговор ги замолкна сите кои ја исмејуваа за модната комбинација
Следна статијаКацарска: Камчев ми е куќен пријател, ќерка ми работи кај него 10 години