Прoговори за трагедиите на своите блиски пријатели – Марија Шерифовиќ откри кога Карлеуша се враќа на сцена

0

Поп пејачката Марија Шерифовиќ прва и пружи утеха на Јелена Карлеуша после смртта на нејзината мајка Дивна.

Не се огласував јавно кога ја погодија сите тие ситуации. Мислам дека тоа за секој жив човек се тешки психолошко- душевни удари, но Јелена е лавица.

И треба малку време за да се опорави, раните никогаш нема да зараснат, но барем фластерите да се залепат затоа што има сопруг и две прекрасни деца. Сигурна сум дека наскоро ќе застане на нозе, рекла Марија.

Јелена Карлеуша полека се враќа на нормалниот начин на животот. Таа веќе се ангажира да ги запише ќерките во ново училиште, но и да види како напредуваат работите во новата куќа, каде што наскоро ќе се преселат.

Иако е се’ уште безволна, нејзините соработници, но и семејството, даваат се’ од себе да и’ помогнат да се врати во старата форма за да закрепне. Со нивна помош, пејачката влезе во студио како би започнала да работи на новите песни, кои веќе одамна сака да ги сними.

Јелена, инаку, одлучила шест месеци да не се појавува во јавност, па дури ни во „Ѕвездите на Гранд“, каде беше дел од жирито.

Сепак, најверојатно таа ќе започне со снимањата по 40 дена од смртта на мајка и, бидејќи нејзините блиски сметаат дека за неа е многу подобро таа да биде активна. Саша Поповиќ веќе ја убедува да се врати во жирито, а со оглед на тоа дека таа го почитува мислењето на Саша, сите веруваат дека Карлеуша ќе се врати на старото место за еден месец.

Шерифовиќ со задоволство се сеќава и на покојниот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ. Иако никогаш немаат снимено дует, таа вели дека од него многу научила.

Се што успеав да научам тој знаеше да го препознае, го сакаше начинот на кој што пеам, сакаше да работиме заедно.

Јас имам голема трема, но никогаш не сум имала таква како во моментот кога ме покани да му бидам гостинка на концертот. Бев многу среќна, ми направи голема чест, додала Марија.

Претходна статијаМалиот Јаков ја видел Света Петка и животот целосно му се сменил – му се јавила му кажала само едно
Следна статијаГолем месечен хороскоп за Мај – Два хороскопски знаци ќе бидат многу среќни