Позната причината поради која Лепа Брена не сака да ја нарекуваат баба на Александар

0

И покрај тоа што Лепа Брена е една од најголемите ѕвезди на балканскиве простори, членовите на нејзиното семејство од Брчко во кое таа пораснала никогаш јавно не се експонирале.

Пејачката во неколку наврати има зборувано за своето детство, така што публиката се запозна со фактот дека нејзиното семејство живеело скромно но удобно, и дека таткото Абид и мајката Ифета, вработени како медицински техничар и кројачка, се труделе на своите деца да им овозможат сето она што им било потребно.

Лепа Брена е родена како Фахрета Јахиќ, таа е трето дете во семејството Јахиќ, родена по братот Фарук и сестрата Факета.

Лепа Брена е пресреќна што нејзиниот посинок Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ го добија синот Александар, чие раѓање се славеше со денови.

Пејачката истакна дека знаела дека овој настан ќе го „освежи“ нејзиниот емотивен живот и дека ќе му донесе само позитивни нешта на семејството.

Иако станува збор за многу убави мигови во нејзиниот живот, Лепа Брена не сака да ја нарекуваат баба на малиот Александар.

Нивните мајки се баби, а бидејќи јас сум му маќеа на Филип, за себе велам дека сум му сопруга на дедото“, изјави пејачката, и додаде:

Александра е прекрасна мајка, а Филип покажа дека е зрел татко кој се грижи за своето семејство.“

Претходна статијаТолку од убавото сончево време – подгответе се за промена
Следна статијаСлаба и со долга коса – Шерифовиќ тешко да ја познаете во овој стил