Почина познатата водителка и новинарка Дивна Карлеуша

0

Познатата новинарка и водителка Дивна Карлеуша почина на 61 година, јавуваат српските медиуми.

Мајката на една од најозборуваните музички ѕвезди вo регионот, Јелена Карлеуша, ѕвездените мигови во кариерата ги имаше на „Радио Београд“, а по 33 години работа се повлече, но остана присутна во медиумите учествувајќи во повеќе реални шоуа.

Дивна во 2016 година била примена во болница поради проблеми со дишењето и белите дробови кога почнала да кашла крв. Од тогаш почнала нејзината борба со тешката болест.

Дивна Карлеуша беше родена во 1958 година во Словенија, а во Србија остана запаметена како некогашна водителка на „Радио Белград“. Таа се занимаваше со новинарство 33 години. Дивна Карлеуша е мајка на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Претходна статијаЕден хороскопски знак го очекува голема сума на пари – Неделен хороскоп
Следна статијаОвие хороскопски знаци конечно ги очекува прилив на пари овој месец